Одобрените акциски документи за 2021 година, по извршената проценка на релевантност, се со вкупен износ на инвестиции од 130.996.000 евра од кои ИПА финансирањето е во износ од 103.400.000 евра, а националното кофинансирање во износ од 27.566.000 евра.
Со заклучок по оваа точка Владата ги задолжи Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за животна средина и просторно планирање, кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски политики, како институции координатори на акциските документи за 2021 година, за навремено планирање на финансиските средства за национално кофинансирање во наредните три години од националниот буџет, почнувајќи со буџетот од 2022 година, се вели во соопштение од Владата.