• Latest

Владата ќе ги преземе сите чекори и мерки да не биде загрозен статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

January 13, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Владата ќе ги преземе сите чекори и мерки да не биде загрозен статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

January 13, 2021 13:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност.

Тој најави дека  информацијата со препораките ќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.

– Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период, рече Бочварски.

Тој повтори дека Министерството нема можност да навлегува во ингеренците на општините во постапувањето по дивоградбите, но посочи дека со оглед на важноста на прашањето ќе се разгледаат сите опции.

-Посакувам ова да се реши преку меѓусебна координација на сите инстанци. Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на УНЕСКО, рече Бочварски.

Владата, наведе, останува фокусирана и посветена на заштита на Охридксиот регион и ќе ги преземе сите потребни чекори и мерки во насока на заштита на Охридското крајбрежје.

-Потребна е силна координација помеѓу централните локалните институции кои што имаат свои ингеренции во справување со одредени состојби како решавање  на дивоградбите. Ние тука сме вклучени и даваме поддршка, кон крајот на минатата година издвоивме шест милиони денари за поддршка на Општина Охрид за решавање на дивоградбите, а во планот за оваа година преку наши средства од Министерството ќе работиме на решавање на урбанистичкиот план на охридското о крајбрежје со што му помагаме на Охрид да го реши урбанистички крајбрежјето и се она што е надвор од таа зона или влегува блиску до појасот на езерото ќе мора да биде веднаш отстрането. Ја даваме целата наша поддршка и ги опфаќаме сите аспекти, но овде е потребна силна координација на сите нивоа на власта. Ќе  продолжиме со координација, ние  деновиве ќе ја рагледуваме оваа информација и со ресорните министерства и со култура и на ниво на Влада, наведе Бочварски.

Тој информираше дека државата ги пренаменила парите за изградба на автопатот Струга-Требеништа и за експресниот пат Охрид-Пештани,  о цел, како што рече, да не се доведеме во ситуација да го загрозиме статусот на Охрид во УНЕСКО. Во однос на железничката пруга Кичево-Лин првата делница е целосно одбрена и нема никави забалешки од УНЕСКО, а за втората делница вети дека ќе се работи на зебелешките да се измести трасата со цел од Радожда до Струга да не се направиме некаков проблем во изградбата на пругата.

-Остануваме фокусирани и ќе бидеме во целосна координација и со цел да не дозволиме и ќе направиме се без оглед на тоа која институција станува збор ќе направиме се он наша страна да не се изгуби овој статус од УНЕСКО, рече министерот за транспорт.

Во нацрт-извештајот на УНЕСКО е образложена итноста за заштита на Охридскиот регион, а како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ