• Latest
фото: скриншот

Владата на Орбан подготвува закон за одземање на унгарскиот пасош на лица со двојно државјанство 

April 2, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Владата на Орбан подготвува закон за одземање на унгарскиот пасош на лица со двојно државјанство 

April 2, 2025 12:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: скриншот

фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Унгарската десничарска популистичка влада сака да си овозможи да го одземе унгарското државјанство на некои лица со двојно државјанство, барем привремено.

Пратеник од владејачката партија на премиерот Виктор Орбан поднесе предлог-закон за оваа цел до парламентот во средата вечерта. Предлогот, кој најверојатно ќе биде усвоен како обична формалност, е наменет за луѓе кои властите ги класифицираат како закана за државата, пренесува БлуВин. Критичарите го гледаат ова како репресивен инструмент за замолчување на владините критичари.

Според нацрт-законот, „одземањето“ на унгарското државјанство може да се примени само за лица со двојно државјанство чие второ државјанство не е државјанство на земја на ЕУ или Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка или Исланд. Одземањето на државјанството треба да биде можно, меѓу другото, доколку засегнатото лице „дејствува во интерес на странска сила или странска организација, ги реализира целите на странска сила или странска организација“ и претставува „закана за јавниот ред и безбедност“ на земјата,

Орбан со години користи репресивни методи против критичарите и независните граѓански организации. Повторливото оправдување за неговите постапки е дека луѓето и организациите кои ја критикуваат владата и нанесуваат штета на Унгарија и ги застапуваат интересите на другите земји и сили.

Привремено регулирање е невообичаено во меѓународно ниво

Планираниот закон предвидува можност за „одземање“ на унгарското државјанство за најмногу десет години. На меѓународен план, ваквата привремена регулатива е невообичаена. Државјанството вообичаено може трајно да се одземе, но во други случаи може да се откаже и од државјанството.
Планираниот закон би можел, на пример, да влијае на унгарско-американски двојно државјанин кој е вклучен во организација за човекови права во Унгарија или раководи со таква организација. „Одземањето“ на унгарското државјанство би значело дека лицето може да биде протерано од земјата. Унгарски државјанин, пак, не може да биде протеран од Унгарија.

Орбан владее со централноевропската земја членка на ЕУ со авторитарни методи од 2010 година. Критичарите го обвинуваат за систематско уривање на демократијата и владеењето на правото. Како резултат на тоа, ЕУ повлече или замрзна дел од европското финансирање на Унгарија.

Д. Мишев

Tags: Виктор Орбанодземање на унгарско државјанство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ