• Latest

Владата најави нов пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра

November 28, 2023

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата најави нов пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра

November 28, 2023 16:47
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го усогласи деветтиот пакет антикризни мерки кој е во вредност од 662 милиони евра. Пакетот содржи 26 мерки за социјална сигурност кои се насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории  граѓани и компании, како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза, информира премиерот Димитар Ковачевски.

Со мерките што ќе важат од 1 декември, како што информира на денешната прес-конференција се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании.

-Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата, рече Ковачевски.

Нагласи дека мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во износ од 156 милиони евра.

-Во овој пакет мерки обезбедивме поддршка за зголемување на ученичкиот стандард за основците и за средношколците од семејства од ранливи категории со ниски примања до 50 илјади денари, рече Ковачевски и додаде дека над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно по 1.800 денари месечно за што од Буџетот ќе се издвојат 14,3 милиони евра, посочи Ковачевски.

Поддршка ќе има и за 15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање. Тие ќе добијат ваучер за превоз.

-Студентите во наредните седум месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари за што се предвидени два милиона евра. Во наредните пет месеци по 1.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надомест заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, и родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка се опфатени 16 741 граѓанин со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра, рече Ковачевски.

Предвидена е и поддршка за пензионерите со најниски примања. Како што рече, во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари ќе добиваат по 1.500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.

-Со новиот пакет е предвиден авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата и тоа за 40 илјади земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, и кои се занимаваат со сточарство за што се предвидени 8,1 милион евра, посочи Ковачевски.

Преку програмата за енергетска сиромаштија, додаде, предвидени се еден милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Предвидени се 1,1 милион евра за околу 2.250 корисници за финансиска поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, односно поддршка за фотонапонски панели до максимум 80.000 денари, максимум 15.000 денари за соларни системи, и до максимум 25.000 денари за инсталација на ПВЦ прозорци и врати.

Најави дека ќе продолжи и мерката за субвенционирање на струјата и дека ќе продолжи 90-процентното субвенционирање на цената на струјата за 611 илјади домаќинства и 68 илјади мали потрошувачи за што се проценува дека ќе бидат потребни 35 милиони евра.

-Ја субвенционираме и цената на топлинската енергија. За парното за домаќинствата и  компаниите за 63 илјади корисници во Скопје и оваа година ќе биде обезбедена субвенционирана цена за што се проценува дека ќе требаат  7,4 милиони евра, рече Ковачевски.

Ќе продолжи, како што кажа, и финансиската поддршка за сметките за струја за домаќинствата со ниски приходи, корисници на гарантирана минимална помош и социјална пензија. За нив поддршката ќе изнесува 1.200 денари месечно во наредните шест месеци. Со мерката се опфатени над 50 илјади корисници и е во вкупен износ од 5,9 милиони евра.

Преку мерката Мој ДДВ, нагласи дека се обезбедени средства за поврат на ДДВ и дека е предвиден зголемен праг до 2.100 денари за секое тримесечје поединечно. За тоа се предвидени 42,2 милиони евра, а ќе опфати речиси 540 илјади корисници.

-Како дел од мерките предвидовме и законско решение со кое се ограничува затезната камата до висина на долгот, а воедно планирана е мерка со која се намалува висината на стапката на казнена камата за 3 процентни поени за граѓаните со низок доход, посочи Ковачевски.

За одржување на ликвидност ана компаниите, поттикнување на конкурентноста и поттикнување на инвестиции во обновливи извори на енергија во приватниот сектор, додаде,  предвидени се 492 милиона евра. Во рамките на мерките предвидени се поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од 10 милиони евра, за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку издавање на зелена обврзница. Се проширува и опсегот на компании корисници на Гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка преку олеснување на критериумите за аплицирање за што се предвидени 39 милиони евра.

– Во соработка со ЕИБ предвидуваме поволна седма кредитна линија за зелена транзиција вредна 100 милиони евра за инвестиции во ЕЕ и ОИЕ по принципот 1+1. Во соработка со Француската агенција за развој предвидена е поволна кредитна линија во износ од 50 милиони евра за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и проекти со позитивен придонес за животната средина. Во соработка со Банката за развој на Советот на Европа планирани се 50 милиони евра за поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво за зелени инвестиции. Преку инструментот на ЕБОР за зелено финансирање обезбедуваме поддршка за малите и средните претпријатија, за поединци и домаќинства да инвестираат во ОИЕ и иновативни решенија за ЕЕ во висина од 790 илјади евра, прецизира Ковачевски.

Предвидена е и одлука за одобрување на користење на дехидрирано млеко  за производство на млеко и млечни производи со цел да се намалат малопродажните цени.

-Во овој пакет мерки обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите за нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3 до 9 илјади денари. Продолжува и поддршката на јавниот сектор за што вкупно се предвидени 14,9 милиони евра. Во соработка со СБ предвидени се поволни кредити наменети за општините за инвестиции во ЕЕ за што се издвоени 10 милиони евра. Обезбедени се 5 милиони евра за Фонд  за ЕЕ во Развојната банка во соработка со СБ со цел финансирање на проекти за ЕЕ и ОИЕ, рече Ковачевски.

Продолжуваме, нагласи, и со системските мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетската криза за што се предвидени 516 милиони евра од кои 189 милиони евра во 2023 година и 327 милиони евра во 2024 година од кои 36,2 милиони евра за зголемување на платите во јавниот сектор како усогласување со минималната плата за 2023 година , 52 милиони евра за зголемување на платите во јавниот сектор врз основа на општиот колективен договор за зголемување од 10 отсто и исплата на К-15. За истата мерка во 2024 година се предвидени 15о милиони евра.  За 2023 година обезбедени се 100 милиони евра за исплата на зголемени пензии за над 338 илјади пензионери, а за 2024 година се предвидени 178 милиони евра за покачувањето на пензиите согласно новата методологија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на прашање појасни дека антикризните мерки се финансираат од приливи од јавни давачки и дека не се финансираат од кредити како и дека  се предвидени во буџетите за 2023 и 2024 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ