• Latest

Владата обезбеди помош со цел справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 и за радиодифузерите

June 1, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата обезбеди помош со цел справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 и за радиодифузерите

June 1, 2020 11:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија, усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Оваа измена ги опфаќа сите радиодифузери во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Одлуката беше донесена по направени анализи за последиците од влијанието на  КОВИД-19, врз националните, регионалните и локалните телевизии кои изминатиот период се соочија и се уште се соочуваат со потешкотии во работењето. Оваа криза предизвика сериозни финансиски импликации во нивното работење.

Ако се земе во предвид дека медиумите се еден од клучните фактори во едно демократско општество, тогаш очигледна е потребата да се излезе во пресрет за надминување на овие состојби, како што беше направено и во останатите погодени сектори.

Оттаму, а по спроведени анализи и разговори со сите засегнати страни за начинот на којшто е најсоодветно да се обезбеди помош, се констатираше дека доколку се намират нивните долгови настанати заради користење на дигитален терестријален мултиплекс, ќе се намалат последиците предизвикани од пандемијата.

Средствата за подмирување на долгот ќе бидат превземени до Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Тие ќе се исплаќаат врз основа на извештај за настанати долгови доставен од страна на операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, за надомест на трошоците на радиодифузерите, кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за дигитализација за 2020 година, до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

На овој начин, подеднакво ќе им се помогне на сите национални, регионални и локални телевизии, и тоа конкретно во делот на дигитализацијата, аспект што се покажа особено важен, а многу често и неопходен за непречено функционирање во новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот, соопштуваат од МИОА.

Вкупната сума предвидена за оваа намена изнесува 31.732.390,00 денари или 515.974,00 евра.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ