• Latest

Владата ќе одлучува за затворање на Почесниот конзулат во Барселона

October 31, 2017

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ќе одлучува за затворање на Почесниот конзулат во Барселона

October 31, 2017 11:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната владина седница се очекува Министерството за надворешни работи до Владата да достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија и предлог за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона.

На дневниот ред ќе се разгледува и извештајот за попречување на работата Народниот правобранител на Република Македонија преку Канцеларијата на претседателот на Владата, како и извештаите за работата на повеќе институции меѓу кои и извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2016 година.

Министрите во владата на оваа седница ќе ја разгледаат и информацијата за листата на документи кои што министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб страни, како и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2017 година, што ќе ја презентира Министерството за образование и наука.

На предлог на Министерството за култура, владата ќе ја разгледа информацијата за учеството на македонската делегација на 3-от Министерски Форум за културна соработка меѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ во Хангџоу, Кина (процес 16 + 1) и иницијатива за основање на Координативниот центар за културна соработка со седиште во Скопје.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, владата ќе ја разгледа информацијата за потреба од доставување на апликации за обезбедување на техничка помош грант средства од Акцискиот програм CONNECTA за проектите: „Изработка на проектна документација и имплементација на Интелигентен транспортен систем на патиштата“ и „Подготовка на проектна документација на ниво на основен проект за поставување на заштитна ограда и сигнализација на патниот Kоридор 10“.

На дневниот ред на седницата ќе се најде и информацијата за предлог за пренамена на средства од Проектот за национални патишта, II фаза за изградба на патните правци Охрид – Пештани и Требеништа – Струга, како и информацијата за сервисирање на долгот за вода и репрограмирање на долгот за вода на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје.

Агенцијата за Филм на Република Македонија на седницата на владата ќе ја презентира информацијата во врска со проект „Играна серија Македонија“.

На дневниот ред на владата ќе се најде и предлог – одлуката за престанок на трајно користење на недвижна ствар на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, Скопје.

Tags: владаМНРПочесен конзулатседницаШпанија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ