Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран.
Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на 20.7.2015 година, соопшти владината прес-служба.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.