„Владата на Република Северна Македонија секојдневно носи мерки, препораки, заклучоци и уредби се со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, да се санираат економските штети и државата побрзо да излезе од оваа кризна состојба. Колективното здравје и здравјето на секој граѓанин е најважно. Оттука Ви посочуваме дека сите чинители во општеството имаат обврска најригорозно да ги почитуваат мерките на институциите, бидејќи за здравјето на сите граѓани се работи, а Владата ќе продолжи да создава и реализира мерки за да помогне на сите заедници и на општеството и граѓаните“, велат од Владата за „360степени“, како одговор на предупредувањата на реисот Сулејман Реџепи дека ќе ги суспендира мерките за справување со пандемијата доколку не се пружи финансиска помош на ИВЗ од државата.
Од Јавното обвинителство реакгиаарт, пак, дека поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи може кривично да одговара како повикувач за кршење на владините мерки за забрана на движење во екот на пандемијата со коронавирус, ако ја оствари заканата дека ќе ја повлече одлуката верниците да се молат дома место во џамија.












