• Latest

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

September 5, 2020

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата ветува развој на МРТ во новиот мандат, ќе го дозволи ли тоа собранискиот состав?

September 5, 2020 15:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборот на новиот состав на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) во Собранието на РСМ е една од главните точки кои ќе покажат дали власта предводена од СДСМ и опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да изградат консензус во однос на важните општествени прашања во новиот четиригодишен собраниски мандат.

Мандатот на актуелните членови на Програмскиот совет на МРТ им истече во декември 2019 година, при што со членот 43 од измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ) од крајот на 2018 година ваквиот мандат им е продолжен до изборот на новиот состав од страна на Собранието на РСМ, која што постапка заглави во претходниот парламентарен состав кај Комисијата за прашања на изборите и именувањата и нејзиниот претходен претседател Илија Димовски.

Власта предводена од СДСМ во новиот парламентарен состав успеа да обезбеди мнозинство во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а на нејзино чело дојде пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ. Ова значи дека владејачката коалиција нема да има проблеми да донесе одлука дали ќе распише нов конкурс за пријавување на членови на Програмскиот совет на МРТ или ќе го доврши изборот на највисокиот орган на јавниот радиодифузен сервис по стариот, којшто остана блокиран во Собранието повеќе од една и пол година.

Сепак, и доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата конечно си ја заврши својата обврска во делот на изборот на новиот состав на Програмскиот совет, главната дилема дали ќе се промени актуелното раководство на МРТ лежи во членот 32 од измените и дополнувањата на Законот усвоени во 2018 година:

„Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Програмскиот совет на МРТ со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“.

Со кревкото парламентарно мнозинство од 62 пратеници на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА, изборот на новите членови на Програмскиот совет на МРТ е сигурно дека нема да може да се оствари. Единствен партнер со кој власта може да состави двотретинско мнозинство по ова прашање е ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, така што вистинското прашање е дали власта и опозицијата ќе успеат да се договорат за составот на највисокиот раководен орган на јавниот сервис, во интерес на неговиот развој и на јавноста во земјава.

Наспроти ова, новиот владин состав предводен од премиерот Зоран Заев во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија во периодот 2020-2024 година ветува дека во следните четири години фокусот ќе го стави на развој на Националната радио-телевизија како вистински јавен радиодифузер кој е во чекор со времето, информира навреме и точно, ја штити јавноста од дезинформации и гради професионално и квалитетно известување.

Засега останува нејасно дали ваквата владина заложба најпрво ќе резултира со промени на актуелното раководство на МРТ, или пак, реформите во јавниот радиодифузен сервис ќе ги започне владата со досегашните органи на МРТ преку зголемување на финансиските средства наменети за неа. Имено, законот предвидува МРТ, почнувајќи од 2021 година, да добива 1 процент од вкупниот износ на Буџетот на Република Северна Македонија.

Извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ