• Latest

Владиниот Економски совет ќе расправа за минималната плата, преговорите продолжуваат

February 7, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Владиниот Економски совет ќе расправа за минималната плата, преговорите продолжуваат

February 7, 2022 09:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На седница на Економскиот совет на Владата денеска се очекува да биде разгледано се за што е разговарано досега во однос на синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата. По ова, треба да се одржи нова седница на Економско-социјалниот совет по онаа во петокот кога не беше постигнат договор, пренесува МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Очекува уште денеска да има решение за покачување на минималната плата.

-Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.

Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, напиша вчера Ковачевски во објава на Фејсбук.

Владата, синдикатите и работодавачите, во петокот не постигнаа договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, но сите социјални партнери се согласни дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата не е прифатлив за никој.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија и вчера и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто покачување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.

-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кои ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме!, наведоа во соопштение од ССМ.

Доколку и понатаму нема решение за минимална плата, тие најавија дека во четврток, на 10 февруари, нивното членство ќе излезе пред Собранието да даде поддршка на пратениците да го изгласаат предлог законското решение на синдикатите коешто е 7-ма точка на пленарна седница. Доколку и тоа не се изгласа, најавија штрајк со блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта и итн..

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по последниот состанок на Економско социјалниот совет во Владата информираше дека Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија  предложила предлог ако веќе се прифати кое било зголемување на минималната плата до определено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие, како што рече, имале две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена.

-Ние не бевме спремни за калкулациите бидејќи за сите други модели што претходно беа понудени направивме симулации што тоа би значело. Во понеделник имаме Економски совет на кој ќе дискутираме за се што оваа недела се разговараше. Ќе излеземе со анализи какви фискални импликации може да има за предлогот да го покриеме одреденото зголемување на минималната плата, изјави Битиќи, порачувајќи дека Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ