• Latest

Владите имаат клучна улога во заштитата на личните податоци на граѓаните

May 8, 2018

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владите имаат клучна улога во заштитата на личните податоци на граѓаните

May 8, 2018 12:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владите имаат клучна улога во заштитата на личните податоци. Владите не само што чуваат значителна количина информации за луѓето, туку тие се чувари на информациите на граѓаните, изјави денеска заменик-амбасадорот на Велика Британија во Македонија Пол Едвардс, на тркалезната маса за заштита на личните податоци организирана од „Аналитика“.

– Транспарентоста и личните податоци е нешто што британската амбасада го вклучи во својата работа во изминатите три години, и за време на претходната влада и тоа беше единственото нешто врз кое интензивно работевме, затоа што чувствуваме дека јавноста треба да знае што се прави во нивно име, рече Едвардс.

Истакна дека во Велика Британија има одредени принципи со кои се регулира начинот на чување на информациите.

– Кога ќе пристиснете „да“ за некоја информација вие продавате нешто вредно. Тоа личи на размена на информации, вие им давате податоци тие ви даваат слободен Фејсбук на пример, но тоа не е така. Информацијата некому му е од вредност, и некој за таа информација ќе тргува. Вие сакате информацијата што ја давате да се чува, вели Едвардс.

Вели дека со денешната технологија и можноста да се собираат информации за луѓето, може поевтино да се складираат податоци отколку порано и тоа може да бидат илјадници информации за кои можеби знаете, но можеби и не знаете.

Важно, според него, е информацијата да не се чува повеќе отколку што е потребно, и треба да се чуваат безбедно и сигурно за да не може никој друг да пристапи кон таа информација, како и тие да не се пренесуваат на други без правна заштита.

– Велика Британија исто така согледува дека одредени информации бараат поголема заштита од другите, на пример оние кои зборуваат за вашето етничко потекло, политичките уверувања, здравствената состојба. Зошто тоа би можело некому да му биде од корист. Тоа е нешто многу лично и може да биде злоупотребено, вели Едвардс.

Истражувањето на „Аналитика“ покажало дека во однос на перформансите на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во речиси половина од случаите имателите ја доставиле информацијата веднаш по поднесувањето на жалба пред Комисијата. Забележан е и квалитативен напредок во работата на Комисијата во врска со жалбите за одбиен пристап врз основа на чл. 6 (исклучок од пристапот до информации). За жал, според „Аналитика“ се уште има институции кои го прекршуваат Законот во значителна мера, погрешно ги разбираат одредбите од законот или воопшто не одговараат на дописите на Комисијата.

Истражувањето покажало дека најчести се повредите на личните податоци на социјалните мрежи, но потребно е да се едуцираат граѓаните за да препознаат повреди од страна на јавниот сектор.

Во однос на транспарентноста, Дирекцијата за заштита на личните податоци има забележителна и континуирана активност во медиумите, особено на радио, печатените медиуми и социјалните мрежи, покажува истражувањето на „Аналитика“. (МИА)

Tags: АналитикаВелика Британијазаменик-амбасадоротПол Едвардс
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ