• Latest

Власта да ги санкционира растурачите на отров за животни

December 14, 2017

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта да ги санкционира растурачите на отров за животни

December 14, 2017 09:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Драгана Велковска, долгогодишна  активистка за заштита на животните и животната средина, член на здружението „Еден“, како и член на советот на Град Скопје вели дека за оние кои јавно промовираат како може да се стигне до отровни материи и како тие да се користат, надлежните институции треба итно да преземат мерки за нивно повлекување од јавниот простор.

Поводот за реакции на организациите за заштита на животните, но и на сите љубители и сопственици е изјавата на едно лице кое работи како новинар, кој во својот настап на ТВ Нова, ја оправдува акцијата за расфрлање отрови по парковите како решение за справување со бездомните кучиња.

„Десет години додека беа ВМРО-ДПМНЕ на власт ние слушавме како истрагите се во тек.  Сега очекуваме од новата влада случајот да биде решен, а тоа подразбира дека сите оние кои расфрлат отрови, опасни не само за бездомните животни, туку и за тие кои имаат сопственик, како и за луѓето, веднаш, брзо и ефикасно да бидат санкционирани. Очекуваме еднаш за секогаш да се реши соодветно проблемот со бездомните животни, така што тие хумано ќе бидат стерилизирани и кастрирани, ќе бидат отстранети од улиците, на хуман начин, а не на ваков варварски примитивен начин што не дооликува на едно општество во 21 век“, изјави Велковска.

Од општина Центар најавуваат дека за 2018 е одвоен буџет за отворање на стационар и решавање на проблемот со бездомните кучиња.

„Денеска во 10:30 имаме состанок со заменик командирот на Полициската станица Центар. Дел од колегите од Општина Центар се сложија да донираат дел од своите плати како награда на тој/таа што ќе ни помогне со одредени имформации за да дојдеме до луѓето кои го расфрлаат отровот. Веќе во ПОЦ започнавме да изработуваме куќички за да им обезбедиме топли куќички за да го поминат зимото. Со нашите служби излегуваме на терен таму кај што ќе ни пријават дека има расфрлано отров за да го исчистиме“ изјави Саша Богдановиќ, градоначалинк на Општина Центар, за ЦИВИЛ Медиа.

Пост на Фејсбук со кој се охрабруваат трујачите во Скопје.

Од организацијата за заштита на животните “Кане Корзо“  велат дека не смеат да се поттикнуваат граѓанките и граѓаните затоа што не се само животните во прашање, туку и сите оние што поминуваат секојденевно низ парковите, малите деца што си играат, а ако случајно некој минувач нагази на нив, несвесно, може да го внесе и во својот дом.

„Граѓаните се директно изложени на отровот, кој е штетен при конзумирање, туку и на допир или ако се вдише. Апсолутно сите сме во опасност. Најверојатно се чека да настрада некоја човечка жртва за да се опаметат луѓето и да сфатат дека не е решение расфрлање отров на улица“, вели Снежана Дичевска од „Кане Корзо“ за ЦИВИЛ Медиа.

Асоцијацијата на активистите за правдата на животните најавија дека ќе поднесат кривична пријава за „новинарот“ затоа што неговите зборови се сметат како поттикнување на група граѓани за да се организираат масовно да расфрлат отров по јавните површини.

„Доста беше игнорирање на фактот дека секој може да излезе  било каде и да изјави какво кривично дело сака да направи, а притоа да не биде казнет“, изјавија од ААПЖ.

Револтот кај граѓанските активисти и реакцијата на Општина Центар и Град Скопје да помогнат во пронаоѓање на лицата што расфрлаат отров потекна од случајот во Аеродром каде куче нападна деца, а граѓаните реагираа со расфрлање отров како можно решение да не се повтори таков инцидент.

Вулнет Махмути

Tags: бездомни животниГрад Скопјеопштина центаротровПетре Шилеговправа на животниСаша Богдановиќ
Share52TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ