• Latest

Власта и опозицијата со дијаметрално спротивни оценки за изборите

October 18, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта и опозицијата со дијаметрално спротивни оценки за изборите

October 18, 2017 10:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оценките на власта и опозицијата за првиот круг од локалните избори се, очекувано, крајно спротивставени.

И додека за СДСМ, Македонија по долг временски период имаше фер, регуларни  и слободни избори, на кои граѓание гласаа по сопствено убедување, за ВМРО-ДПМНЕ изборите беа шанса граѓаните да го казнат СДСМ и да ја ослободат државата од криминално-бандитиските структури.

„Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз. Надлежните институции постапуваат согласно надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти“ стои во соопштението на СДСМ.

Од друга страна, ВМРО- ДПМНЕ посочуваат на хаосот и беззаконието што продолжило и по изборите.

„Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран. Запален автомобил на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче само неколку часа по завршувањето на изборите“ – протестира опозицијата.

Според нив, медиумите укажале на криминалните дејствија на СДСМ со прикажување на  фотографии на двајца активисти на СДСМ сликани со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел, а според информациите објавени во медиумите активистите на СДСМ во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вмролокални избориобвинувањаоценкиСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result