Највисоките претставници на власта, под шлемови, ја следеше најголемата воена вежба во регионот што се одржува на Криволак „Одлучен удар“. Вежбата ја организира и предводи тим за планирање од нашата Армија, поддржан со планери од вооружените сили на Соединетите Американски Држави и четири НАТО држави од Европа (Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија). Во вежбата учествуваат 2.700 македонски војници.
Фотографиите од претставниците на власта под шлемови наиде на бројни коментари на социјалните мрежи.