• Latest

Влезот на земјава во НАТО не е поврзан со торнада и пожари

September 3, 2022
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
Илустрација: ВИ

Од ноќеска на полноќ до 19 часот утре траат правилата за изборниот молк

October 18, 2025

На осмите локални избори што ќе се одржат утре, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје

October 18, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Да гласаме достоинствено, со мир и одговорност

October 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Влезот на земјава во НАТО не е поврзан со торнада и пожари

September 3, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Официјалните податоци со кои располага Центарот за управување со кризи укажуваат на тоа дека не постои тенденција на зголемување на бројот на пожарите во земјава после влезот во НАТО, споредено со истиот временски период пред тоа.  Според УХМР, минатонеделното невреме во неготинско е далеку од торнадо. Торнадото е силен вртлог со силни разорни движења заедно со силен ветер со брзина од 200 километри на час, кој се протега од нестабилен облак до површината на земјата. Во С. Македонија, според УХМР, не е вообичаено да има појави од овој вид, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Вистиномер рецензира пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Од кога влеговме во НАТО – само торнада и пожари има во Македонија!!  Си помислувам кога ќе влеземе во ЕУ што не чека!!

Во склоп на постот објавени се и неколку фотографии од град, пожар во село, поплавени улици, разрушени инсталации на улици и земјоделско земјиште погодено од невреме. Една од фотографиите е од невремето во Неготино и може да ја погледнете на следниот линк.

Истата таа фотографија од невремето во Неготино, е објавена на веб-страницата на дневниот весник „Нова Македонија“, во текст во кој од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека конкретното невреме е далеку од торнадо и не е торнадо, според брзината и енергијата што ја создаваат вртлозите. Торнадото е силен вртлог со силни разорни движења заедно со силен ветер со брзина од 200 километри на час, кој се протега од нестабилен облак до површината на земјата. Во Северна Македонија, според изјавата на УХМР дадена за „Нова Македонија“, не е вообичаено да има појави од овој вид.

Дали после влезот на Северна Македонија во НАТО, има само пожари и торнада во земјава?

На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на НАТО Алијансата, со што се реализираше еден од трите стратешки приоритети на надворешната политика на земјата, околу кој беше изграден најширок политички консензус, проследен со силна поддршка од граѓаните во земјата. Определбата за евроатлантско интегрирање на Република Северна Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

Официјалните податоци со кои располага Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија укажуваат на тоа дека НЕ ПОСТОИ тенденција на зголемување на бројот на пожарите во земјава после влезот на Република Северна Македонија во НАТО, споредено со истиот временски период пред тоа.

За да ги провериме наводите во постот што го рецензираме, побаравме информација од јавен карактер од Центарот за управување со кризи, за апсолутната бројка на пожари во Република Северна Македонија (шумски пожари) за периодот од 2020 до 2022 година и за трите години пред тоа (од 2017 до 2020 година кога земјава станува членка на НАТО).

Во 2017 година имало 364 пожари, во 2018 имало 129 пожари, а во 2019 година 402 пожари. Вкупно во периодот од 2017 до 2020 година имало 895 шумски пожари во Република Северна Македонија според податоците кои „Вистиномер“ ги доби од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од 2020 година, пак, до денес, според Центарот за управување со кризи, имало 457 шумски пожари вкупно во земјава. Од нив во 2020 се регистрирани 102, во 2021 година се регистрирани 204, а во 2022 година (до август значи тековниот месец) 151 пожар.

Од ова произлегува, дека откако земјава станала членка на НАТО, има речиси двојно помалку пожари во С. Македонија, споредено со трите години пред тоа (895 од 2017 до 2019 година и 457 од 2020 до 2022 година).

Дали членството во НАТО некако има помогнато земјава да се справува со пожарите?

Не само што членството во НАТО не е поврзано со раст на пожарите во државата (торнада воопшто нема, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме), туку НАТО членството ѝ помага на државата во справувањето со пожарите. Центарот за управување со кризи за „Вистиномер“ информира дека (ЦУК) е директна контакт точка со Евроатлантскиoт центар за координиран одговор при катастрофи (EADRCC) при НАТО и во случај на прогласена кризна состојба на територијата на РСМ по Одлука на Владата доставува официјално барање за хуманитрана помош, при што се воспоставува директна комуникација и координација во однос на понудената хуманитарна помош со државите кои нудат помош.

Евроатлантскиот центар за координиран одговор при катастрофи (EADRCC) се наоѓа во седиштето на НАТО, и делува како контакт точка за координација и комуникација помеѓу НАТО земјите членки  и земјите партнери при пружање помош во случај на катастрофи, како и во земјите каде што НАТО е ангажиран во воени операции. Евроатлантскиот центар за координиран одговор при катастрофи (EADRCC) претставува главен механизам  на НАТО за одговор на цивилни итни ситуации во евроатлантската област. Според ЦУК, Центарот е активен преку целата година, оперативен е на база 24/7, ги покрива 30-те НАТО членки и сите партнер земји и функционира како клиринг-хаус систем кој ги координира барањата и понудите за помош при природни кататрофи и катастрофи предизвикани од човек.

Центарот за управување со кризи на 3 август 2021 година врз основа на Одлуката на Владата на РСМ достави барање за хуманитарна помош во врска со шумските пожари кои ја имаа зафатено нашата територија. Евроатлантскиот центар за координиран одговор при катастрофи (EADRCC) беше во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи и на редовна основа ги споделуваше барањата и извештајите со НАТО членки и сите партнер земји при што Владата на Црна Гора испрати посада со 1 (еден) хеликоптер тип БЕЛ 412, велат од ЦУК за „Вистиномер“.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека откако земјава влегла во НАТО ,,има само пожари и торнада”, односно постот оценуваме дека е невистинит, пишува Вистиномер.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ