ВМРО-ДПМНЕ најави автомобилска блокада на скопските улици од 12:30 до 14:00. Од партијата велат дека овој пат ќе протестираат (повторно со автомобили), против политиките на актуелната влада, со Бугарија.
Минатата вечер ВМРО-ДПМНЕ протестираа во 11 градови низ земјава, со апел до сите граѓани да не се менува историјата, во однос на преговорите со Бугарија и нивното вето за почнување на пристапните договори на Северна Македонија во ЕУ.
Д.Т.