• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто?

March 30, 2025
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026

„Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

January 24, 2026

ЦИВИЛ повика на солидарност: Топлина за Украина

January 23, 2026

Ненаучени лекции: Враќање на изборниот интегритет и демократската доверба – препораки на ЦИВИЛ (12)

January 23, 2026
Илустрација ВИ

Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

January 23, 2026

„Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

January 23, 2026
Креирано со помош на ВИ

Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

January 22, 2026
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

January 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

    Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

    Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

    Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

    Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

    НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

    Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

    Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

    Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто?

March 30, 2025 10:19
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Насловот на колумната која е пред Вас е во прашална форма со цел да Ве поттикне на размислување. Знам дека размислувањето, а особено созерцанието е исклучително тежок мисловен процес. Знам дека на мнозинството „читатели“ исклучително им е тешко да разберат за што тоа зборувам. Знам и дека на мнозина наши сопартијци им е неразбирливо тоа што е едноставно за разбирање. Едноставно тие членуваат во партијата за да дојдат до вработување и за таа „корка леб“, подготвени се да се понижат и себеси и своите блиски, своите предци, но и своите идни поколенија, до степен поединци да прифатат да останат без своите рожби во разни облици, а и понатаму да ги бранат токму оние поради кои останаа без своите рожби. Тоа е одраз на една индивидуална ментална состојба со општествени размери и во рамките на болно општество, која наметнува изразито животински инстинкти без базични показатели на homo sapiens. Но како и да ме разберете, мое е како дел од академската јавност, но пред се како дел од Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ да ви кажам, да ви укажам, да се обидам да влијаам врз вашата свест, совест, едуцираност па дури и воспитание, барем онаа политичко, колку и да сте возрасни и колку и да е тоа задоцнето воспитание.

Најпрво, да тргнеме од акронимот на нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство). ВМРО е кодот на македонската државност и употребата на четирите свети букви во името на нашата партија во пракса има само за цел да побудува асоцијации со историското ВМРО и борбата за македонска државност. Поточно, од вулгарен политички поглед, да остава политички простор на раководството на партијата за патриотски манипулации. Впрочем, како да се спои демократијата со револуционерниот карактер на ВМРО (она историското), во револуција нема демократија. Оттука, вториот дел од акронимот ДПМНЕ има тешка задача. И таа не е тешка само поради контрадикторноста на современата демократска определба со револуционерната колку и да е во историски контекст. Таа е пред се тешка затоа што партијата никако да изгради „национално единство“. А националното единство, не се однесува на народно единство на македонскиот народ, туку на национално единство на македонската нација. Во состав на македонската нација, покрај Македонците се и: Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Бугарите, Хрватите и сите оние делови од народи кои живеат во Македонија а не припаѓаат на македонскиот народ. Тоа е јасно определено и разграничено во рамките на теоријата и во праксата како општествена разлика помеѓу нација, народ, род, племе, етничка група, религиозна група, етно класа итн.

И како сега во современието да го поврземе ВМРО-ДПМНЕ растргнато помеѓу минатото (секако селективно, го прифаќаме Гоце Делчев, но не и Ванчо Михајлов) и поблиското минато и сегашноста под влијание на југословенската УДБА и српскиот свет (што во основа е исто), или поточно политиката на Вучиќ? Токму затоа како Внатрепартиска фракција, упорно зборуваме за потребата од демократизација на нашата партија. Демократизацијата на партијата е основ за демократизација на општеството. Демократизацијата на партијата создава здрав внатрепартиски и општествен политички амбиент исполнет со активизам на членството или директна демократија. Демократизираната ВМРО-ДПМНЕ дава широк спектар на можности за нејзина политичка ревитализација, идејна и кадровска, во секој миг и при секакви предвидливи или неочекувани закани и ризици врз партијата, а со тоа влијае и врз државата и тоа најдиректно, особено кадровски. Демократизацијата и ревитализацијата на ВМРО-ДПМНЕ отвора широк кадровски потенцијал за стабилно и нормално преживување на партијата на долг период и при различни политички и општествени услови, меѓународни и регионални потреси.

Едноставно е за оној кој има отворен ум и сака да разбере, без намера да биде слеп и прост послушник. Еве последниот пример со трагедијата во Кочани. Во нормални држави, демократски, со изградени институции (започнувајќи од политичките партии), без дилема, Владата ќе понесеше политичка и морална одговорност за несреќата. Без разлика колку време е Мицкоски премиер, одговорноста за состојбата во Македонија е на него и на неговиот кабинет. Оттука и со оставка на овој владин кабинет ќе започне одговорноста во општеството на сите нивоа, најпрво на политичко и морално ниво, а потоа врз основ на истрагата на Обвинтелството и работата на третата Судска власт во државата, и законската и кривична одговорност. И ништо страшно доколку кабинетот на Мицкоски паднеше. Токму тоа ќе ја зацврстеше ВМРО-ДПМНЕ како демократска државотворна структура, а вака, очигледно е дека се води борба за спас на лицето Христијан Мицкоски. Тоа е директен показател дека сме најпрво во партијата на ниво на автократија, и дека таа автократија се пренесува и врз државата. А тоа значи дека во Македонија се воспостави режим и тоа по урнек на оној во Србија кој е веќе паднат, но никој не му кажал, па грчевито се држи и го пренесува своето негативно автократско влијание врз нашата татковина Македонија, но за наша жал преку нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Жално и трагично за нас, особено за нас партиските членови.

А што ќе се случеше доколку Мицкоски поднесеше оставка? Во нормална политичка партија (под нормална подразбирам демократска, про европска, со изградени внатрепартиски тела и органи и силен партиски активизам изразен низ непосредна внатрепартиска демократија), веднаш ќе се ревитализираше извршната власт и повторно од нашата партија. Имено, падот на владиниот кабинет на Мицкоски не значи и пад на ВМРО-ДПМНЕ од власта. Нашата партија и понатаму ќе го задржеше собраниското мнозинство како законодавна власт, само што ќе формираше нов владин кабинет со нов мандатар, како нова извршна власт. Тоа ќе беше добро и за Мицкоски. Ќе можеше мирно и покајнички да се повлече во критичен момент со нормални изгледи да се врати на чело на владата во друг момент, бидејќи неговата одговорност немаше да биде кривична, туку само политичка и морална поради одреден настан и „не снаоѓање“, а не како сега за видлива неспособност и функционално не работење на владата. Всушност, што би рекол Мицкоски, ќе имаше и додадена вредност, па рејтингот во јавноста ќе му пораснеше како прв и засега единствен политичар, претседател на владеачка партија и премиер со чувство за општествена, политичка и морална одговорност. Со тоа ќе беше забележан во македонската историја како човек со високи политички и морални вредности кој преку личен пример поставил нови европски и демократски стандарди во македонската политикантска бара. Но не, Мицкоски не може, не е способен да го надмине системот кој го создаде, не смее да излезе од политикантската бара, власта мора да се држи по секоја цена затоа што така му е наредено и тој е дел од шемата. А пак без премиерската моќ, Мицкоски ќе нема никаква моќ, а и што ќе му е партиска прва позиција и општествен углед кога тоа нема никаква моќ и кај налогодавците нема да има употребна вредност. Така тоа го разбира Мицкоски, а таа желба за сестрана и потполна моќ се нарекува автократија, односно таа автократија создава режим. А како завршува режим низ призмата на неговиот политички гуру и идол доколку не се прави слеп при очи, може да гледа секојдневно како го динстаат и ќе го динстаат до распаѓање.

И тука е проблемот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи освен ПР и внатрепартиско (со притисок врз нашите сопартијци) попречување на било какво граѓанско организирање и не дај Боже внатрепартиско барање на одговорност (политичка и морална) од Мицкоски или нему блиски министри и функционери, нема никаква друга активност последнава недела. Што би се рекло, Мицкоски за да се заштити себеси во залог ја става целата наша партија преку обид за „контрола на штетата“ и тоа преку саботирање и оневозможување на било какви граѓански иницијативи, собири или протести во општеството, за внатрепартиска критика или разговор не станува ниту збор да се помисли, а не пак да се спомне на Извршен, Централен или Општински Комитет. Како што реков, токму оваа однесување е карактеристично за автократска политичка структура која се претвора во режим. Тоа што може да го очекуваме е дека никакво искуство во насока на демократизација и ревитализација на нашата партија нема да се извлече, а со тоа ниту искуство за превенција на можни идни глупости или неуспеси во било која област на општественото живеење. Сметка ќе ја плати нашата партија и сите ние како нејзини членови. Всушност, оваа недемократска постапка само ќе му даде „сила“ на Мицкоски да ја движи машинеријата кон притисок врз нашите сопартијци со цел создавање на погрешна слика во партијата и во јавноста која тој ја нарекува онака автократски „монолитност“. Но на крајот падот ќе биде страшен и погубен за нашата партија. Поради ова и си го поставуваме основното прашање: „Дали на Мицкоски му е грижа за нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, или се грижи само за себе и за тоа како и што подолго да опстане на власт“? Мислам, и тврдам дека во прашање е ова второто и тоа власт врз државата Македонија, а нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и секој од нас членовите поединечно му претставува само инструмент за остварување на таа цел. Оттука, исто така тврдам дека Мицкоски и ова раководство на партијата ја имаат уништено македонската државотворна идеологија на ВМРО и на ВМРО-ДПМНЕ и киднапирано каузата.

Ние како политичка партија која во основа е втемелена на демократија по урнекот на ЕУ и САД, всушност на западната Европска демократија, поради што и се создадовме како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, во овој момент не сме тоа поради што се создадовме и во што верувавме.

За тоа да биде така, виновни сме ние членовите на нашата ВМРО-ДПМНЕ. Ние дозволивме изминатите години па се до пред десетина дена секојдневно да не трујат и тоа во нашата и од нашата партија на чело со Мицкоски дека сите ни се непријатели. Дека НАТО е фашистичка организација а Европската унија не не сака, дека Бугарите не мразат, Грците не не сакаат, дека Албанците ни се виновни и на крајот дека Русија и некаков си БРИКС ни е спасот, наместо полноправното членство во ЕУ. И ете демант и тоа конкретен, директен и силен. Како резултат на големата трагедија во Кочани се активираше системот за кризи на НАТО и Европската унија. Да токму на НАТО и ЕУ, не на Русија или БРИКС. И токму први кои помогнаа беа Бугарија и Грција, како и многу земји членки на НАТО и ЕУ, но не и Русија. Секако и Србија, но како и во секој автократски режим, идолот на Мицкоски, Вучиќ, ја искористи нашата трагедија за негов личен ПР во неволјата во која се наоѓа, со што направи навреда најпрво кон нашите пријатели и соседи Србите. Ништо ново, па и Мицкоски е негов ученик, и тој се сликаше во посета на настраданите од трагедијата во Кочани. Но тоа што загрижува за нас како членови на ВМРО-ДПМНЕ, е што нема благодарам кон нашите партнери од НАТО, кон ЕУ, Грција и Бугарија кон кои соседи истуривме немерени количини отров и омраза доколку вчера. Едноставно наместо благодарам, привремено замолчеа анти НАТО и анти ЕУ гласноговорниците и трујачите од нашата партија. И нема долго да молчат и не замајуваат со шарена револуција, Сорос (оној Сорос со кој во Белград се сликаше Мицкоски), Канвас, Срѓа Поповиќ и слични глупости и наративи кои немаат никаква основа и се наративи од пред десетина година. Впрочем, може да забележиме како секојдневно про руската, насочена против НАТО, ЕУ, Бугарија и Грција, пропаганда се враќа на стариот колосек на омраза. Толку требаше, само колку да поминат неопходните седум дена божем жал за загинатите во трагедијата во Кочани. Дури и Собранието си замина на одмор (не верувам по сопствена волја, а не знам дали тоа е според закон), за да не се зборува за нешто што може да предизвика прашања за одговорност во нашата влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. При тоа, Мицкоски се враќа на старата реторика и повторно е премиер, законодавец, судија и обвинител. Никако да се упристои и да се однесува како шеф на извршната власт со полна одговорност согласно уставните одредби и обврски на оваа власт без да суди или одлучува за работата на другите власти во Македонија. Потполно против уставно, против законско, умислено, занесено и несовесно однесување, (исто како Вучиќ – повторно) посебно имајќи пред вид дека откако ќе му заврши мандатот, некој друг ќе постави многу прашања за едно вакво однесување од позиција претседател на влада, но и трошење на државните пари познати како унгарски кредит за мини и мега паркови, плоштатчиња и плоштади и други популистички дребулии.

Токму поради ова однесување на актуелното раководство на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, во самиот наслов на колумната го поставив прашањето: „ВМРО-ДПМНЕ, кој и што“?

Всушност секој од нас членовите на нашата партија треба да се запрашаме: што е ВМРО-ДПМНЕ и кој во партијата е навистина идеолошки и демократски член на ВМРО-ДПМНЕ согласно вториот дел од акронимот на нашата партија?

Одговорот на овие две прашања можеби ќе не натера да се разбудиме и да ја демократизираме и ревитализираме нашата партија. Во спротивно веќе на следните избори ќе ја доживееме судбината на СДС, а потоа навистина ќе се прашуваме, но прашањето ќе биде: „Што беше тоа ВМРО-ДПМНЕ и кој беше ВМРО-ДПМНЕ“? Воопшто не би сакал и ние да го имаме нашиот Заев како што СДС го имаше, а сметката ја плати Македонија. Со сигурност тврдам дека ние членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на партијата ќе бидеме членови на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Дали Мицкоски и актуелното раководство ќе бидат наши членови не е прашање, прашање е кој ќе понесе одговорност за девастирање на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но најмногу за посрамување на четирите свети букви ВМРО?

П.С. Еднаш пред седум години од собраниска говорница му порачав на Спасовски (кој тогаш беше во занес на полна сила како министер за внатрешни работи), дека на никого не му горела свеќата до зори, па така и неговата ќе згасне. Покрај тоа што ме интересира дали Спасовски ќе понесе одговорност за своите постапки во МВР (вклучително и тендери), доколку нема некој договор со Мицкоски и Тошковски, и до самите Мицкоски и Тошковски ќе порачам „никому не му горела до зора“.  Но ВМРО-ДПМНЕ и по тебе Христијан треба да опстои, како впрочем и Македонија најпрво. И те молам, не го имитирај твојот архетип идол Црвенковски дури и во твоите изјави. Тој зборуваше за свети СДС во неговиот октопот и метла, а ти зборуваш за свети ВМРО во твојот систем за тегнење уши. Чудни некои коинциденции во менталниот склоп на двајца политиканти кои би требало да бидат на сосема спротивни идеолошки и државотворни страни. Или можеби тоа не е така? Очигледно време е да се изгаси свеќата за системот кој не малтретира триесет и пет години.

Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Трета руско-чеченска војна во најава?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Битни се парите, а не судијата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ