ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш на протест за поскапувањето на струјата, но и против „мафијата на Заев“. Протестот е закажан за 18 часот, а ќе се тргне од салата „Борис Трајковски“, па преку булеварот „Партизански одреди“ се до Регулаторна Комисија за енергетика.
Протестот е реакција на одбивањето на нивните барања од Регулаторна комисија за намалување на цените на струјата.
ВМРО-ДПМНЕ досега одржа три протести од кој едниот беше за за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. На првиот протест против покачувањето на струјата беше нападната новинарката Милка Смилковска од Ал Џезеира, а вториот под мотото „Богата држава -сиромашен народ“ беше проследен со блокади од луксузни автомобили.
Б. Ј.