ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со блокада на Владата и министерствата за надворешни работи и за правда, од 17 до 18 часот.
„И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара“, стои во соопштението на партијата.
Од СДСМ велат дека со хистеријата од лажни вести опозицијата сака да ги сруши државните позиции и дека тие се единствените кои одработуваат за странски интереси и дека тие се опасност за македонскиот народ.
„Се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Исто како и соопштението во кое центарот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија. Тоа е ноторна лага, во целост ја демантираме. Напротив, Република Северна Македонија има јасна, силна и широка меѓународна поддршка и помош од своите пријатели и сојузници. Еден од последните докази за тоа е и писмото од заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер. ВМРО-ДПМНЕ е посветено само на лаги, деструкција и дејствување спротивно на интересите на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.