Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС(М) е партија во чие време на владеење го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5 на 10%, и со тоа директно влијаеја на поскапувањето на околу 1.500 прехранбени производи.
„Додека елитата на СДС се богатеше, економијата се уништуваше, народот осиромашуваше така што околу 600 илјади граѓани оставија на работ на сиромаштија. За разлика од минатото, сега граѓаните и бизнис секторот имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички се носат одлуки и мерки во интерес на сите засегнати страни. Платите и пензиите растат, се преземаат мерки за намалување на цените на производите, се инвестира во заживување на економијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека следи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра во изградба на големи капитални инфраструктурни проекти, како што е изградба на брзата железница од Коридорот 10, кој директно ќе влијае на раст и развој на економијата кој ќе донесе раст на БДП и со тоа и подобар животен стандард.