• Latest

ВМРО-ДПМНЕ се поднови со стари кадри

September 23, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ се поднови со стари кадри

September 23, 2020 15:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одржа првата седница на новиот состав на нивниот Извршен комитет. Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари, Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ и избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Христијан Мицкоски завчера истакна дека на седницата на Централниот комитет предложил свикување на вонреден конгрес, на кој би се извршила промена на раководниот состав на партијата, но неговиот предлог бил одбиен.

Костадин Костадинов вчера истакна дека последните случувања во ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека внатре во партијата ништо не се променило.

„Тоа е истата таа матрица контролирана директно од Никола Груевски, а спроведувана овде во Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го погледнете новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го тука и Антонио Милошовски и целата таа екипа водена од Никола Груевски, може да заклучиме дека криминалната матрица во белата палата останува“, истакна Костадинов.

Според Богданка Кузеска од СДСМ, таканаречените промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец.

„Во тоа му помага и неговиот ментор, избеганиот осуден криминалец во Будимпешта, Никола Груевски. Меѓу таканаречените освежувања во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и Вело Марковски. Марковски ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести. Во јавни излагања Марковски повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со КОВИД 19“, истакна Кузеска.

A. П.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ