Продолжува црната кампања против актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ со спонзорирана содржина на Фејсбук објави видео во кое меѓу другото се вели: „Мојот градоначалник си потпивнувал во кафана постојано и таму вклучувал зделки“.
„Мојот градоначалник знае да намести тендер многу стручно и професионално. Мојот градоначалник краде. Мојот градоначалник си потпивнувал во кафана постојано и таму вклучувал зделки. Но битно знае што сака и зема што сака. мојот градоначалник со прст нема мрднато за својот град. Најлошото за мојата општина“, се вели во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ.
Политичките партии и кандидатите за градоначалници пред да започне изборната кампања за локалните избори потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Според тоа што се случува, очигледно, заложбите од Кодексот се само на хартија, додека во пракса се води црна и навредлива кампања.
ЦИВИЛ ги повикува партиите да го почитуваат Кодексот што го потпишале и да се фокусираат на понудата до граѓаните наместо на оцрнување на противниците.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ