• Latest
Добро утро со Орданоски

ВМРО-ДПМНЕ задушена во џудо-зафатот на Мицкоски

February 10, 2021

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025

БИРН: Кол-центри во Белград измамиле луѓе за околу 250 милиони евра

September 30, 2025
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ и Левица, граѓаните сакаат сериозни теми, не национализам

September 30, 2025

Апасиев вулгарно ја започна кампањата за локалните избори: „Посерисе на Мицковизмот“

September 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
European Commission

Фон дер Лајен: Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови

September 30, 2025

Мицкоски: Нека ме нарекуваат заостанат, но многудетното семејство е патриотски чин и клуч за иднината на Македонија

September 30, 2025

Стејт департмент: Северна Македонија на Ниво 2 во борбата против трговијата со луѓе – потребни дополнителни мерки

September 30, 2025

Герасимовски ветува бесплатен оброк, екскурзии, униформи и дополнителни часови за учениците од септември 2026

September 30, 2025

Реџепи: Праведно, зелено и дигитализирано Скопје за сите

September 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Трамп се заканува дека ќе ги запре парите за Њујорк ако Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник

September 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

ВМРО-ДПМНЕ задушена во џудо-зафатот на Мицкоски

February 10, 2021 07:38
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Глетката кога куче си ја брка сопствената опашка е она што се нарекува трагикомичност: концентричните вртења со неуспехот да се дофати сопствениот задник ги има сите елементи на класичната бурлеска; истовремено, животинчето не е виновно што нема познавања од елементарната геометрија („прашања поврзани со големината, формите и релативната позиција на фигурите во просторот“), дополнително искомпликувано со вртењето во круг, што е по малку тажно…

Во тоа се претвора опозициската иницијатива за блокирање на пописот: со неприфаќањето на уставното име на државата, опозицијата не може ни институционално да комуницира со државните инстанции, заради што не може да се формализираат нејзините иницијативи за институционално делување, во рамките на пропишаните закони. Трагикомично вртење во круг.

Но, ако претседателот на опозицијата не го прифаќа уставниот поредок во државата, што треба да прават пратениците од неговата партија во Собранието на Република Северна Македонија или партиските претставници и членови во други државни органи и тела кои се помирија со уставната „реалност“?

Што е стратегијата на таквото опозициско делување? Да се руши власта вонинституционално, по улици и на Фејсбук? Па, на овој начин, опозицијата нема да може да прифати ни одење на редовни или вонредни избори, бидејќи нема кој друг да ги распише тие избори, освен институциите на државата кои се задолжени за тоа, а во чиј наслов стои уставното име на државата… Планираат со некаков јуриш („народот“!) да ја освојат власта?

Тоа е таа стратегија на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ за „колку полошо, толку подобро“. Се враќаат на истите методи и теми заради кои ги изгубија сите претходни избори откако паднаа од власт, а и поддршката на најголемиот дел од домашната јавност и целата меѓународна демократска заедница. После се чудат, а всушност ликуваат, зошто сме на листите на „хибридните демократии“ во светот.

Со ваквата постапка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се формализира бојкотот на пописот. Но, тоа веќе и не е темата за сериозен разговор – темата се враќа на долгата низа неодговорни постапки со кои се прави обид Македонија да се доведе до внатрешна нестабилност, што лошо се одразува на нејзините економски и социјални перформанси и остварувањето на меѓународните интегративни аспирации. Блокирањето на влезот во НАТО не успеа, но за отежнување на интеграцијата во ЕУ не се губи надеж.

Тоа значи дека, наместо да се занимаваме со вистинските проблеми на македонското секојдневие, повторно ќе се „исукаат“ старите расправи за „предавниците“, Преспанскиот договор, референдумот, бегалецот… Колосално губење време, со однапред познат крај.

Таквата политика потсетува на џудо-зафат со кој г. Мицкоски – суверен носител на „жолт-накај-бел“ појас во политиката – се надева дека власта ја гуши легната на подот, но всушност поефикасно ја задушува сопствената партија, заради што редовно ги предава мечовите со тропање по душекот, трагикомично бркајќи си ја „опашката“ на своите промашени политики. Како оваа со пописот.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ