„Денес надлежните институции работат независно, професионално во интерес на сите граѓани и во заштита на законите и владеењето на правото“, реагираше СДСМ на изјавата на Ивица Коневски.
СДСМ потенцира дека злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11 годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму, во соопштението се вели и дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите коишто постапуваат законски, треба да ги остави надлежните да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митровски направил кривично дело и каква одговорност треба да понесе.
„Едно е јасно, времето на селектвиност, протекционизам и заштита на криминалите заврши. Секој оној за кој ќе се докаже дека направил какво било кривично дело ќе мора да се соочи со одговорност пред законот, без разлика на неговата етничка, верска, национална, партиска или каква било друга припадност“, стои во соопштението на СДСМ.