• Latest

ВМРО-ДПМНЕ огорчени од правосудството

May 19, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ огорчени од правосудството

May 19, 2018 12:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред самиот крај на случајот „Тенк“ во кој обвинети се Никола Груевски,  Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, за  набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение, критика, на правосудството во Македонија.

„Каков е денеска политичкиот притисок врз македонското судство говори фактот што сосема поинакви аршини се употребуваат во предметите Поткуп и Тенк. Предметот Поткуп во кој обвинет е Зоран Заев, се повеќе од 3 години талка по судовите кои беа обвинети дека биле дел од режим, додека предметот Тенк, каде обвинети се неистомисленици на Заев за не цела година експресно е доведен до финиш“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За ваквата судска пресметка во корист на Заев, партијата ги обвинува и медиумите под контрола на СДСМ за искривена перцепција во случајот „Поткуп“.

„Заев во изминатава година откако управува со Република Македонија ја зароби државата и ги злоупотребува институциите. Правото е дерогирано, а правосудниот систем понижен. Ова систематско ништење на државата мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Да тргнеме во битка за државата и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, во корист на сенародното добро на Македонија, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, за европските прашања и влез во НАТО оствари средба со Вес Мичел, асистент секретар за Европски и Евро-Азиски прашања на САД.

Заклучокот од средба е стратешкото сојузништво и пријателски односи помеѓу Македонија и САД, со желба и надеж таквите односи да се прошируваат и продлабочуваат.

Ѓорчев не ја пропушти и можноста да се пожали за, како што се вели во известувањето на ВМРО-ДПМНЕ,  актуелниот и масовен политички прогон, состојбите медиумите, влошените економски индикатори и загрижувачките тенденции во судството, како и назадувањето на државата во поголем број на области.

Во ниту еден од дописите нема, како и обично, коментар за наследството што ВМРО-ДПМНЕ го остави на СДСМ и во правосудството и во други области додека беа  на власт, најверојатно водејќи се по максимата на партијата, сѐ што ВМРО-ДПМНЕ изгради, СДСМ растури.

Б.Ј.

Tags: ВМРО-ДПМНЕобвинувањаправосудствоСДСМсоопштение
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ