• Latest

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Чичаковски

November 3, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Чичаковски

November 3, 2017 13:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО – ДПМНЕ, по одбивање на сите поднесени приговори на Државната изборна комисија за вториот круг на локалните избори, излезе со соопштение во кое побара оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

„Државната изборна комисија и владата на СДС спроведе катастрофални криминални избори, се со цел да го порази ВМРО-ДПМНЕ преку масовен изборен фалсификат. За сево ова најодговорен Чичаковски и токму поради тоа од него бараме итна и неотповиклива оставка“ побараа од ВМРО-ДПМНЕ.

Не изостана и делот дека за тоа се виновни СДСМ со нивното создавање „заробена држава каде стравот е главната алатка на владеење“ и дека целосно е игнориран извештајот на ОБСЕ.

„Сосема е јасно зошто криминалци како Красниќи беа ослободувани пред изборите. Игнорирањето на извештајот на ОБСЕ од страна на владата каде се констатира постоење на таканаречен бугарски боз за време на изборите е потврда дека изборите беа криминални. Според извештајот на ОБСЕ „Резултатите на национално ниво во првиот круг покажаа дека од 922 ливчиња меѓу бројот на подадени гласачки ливчиња и гласачи кои што гласале на изборите за градоначалник”. Извештајот на ОБСЕ ги потврди сомневањата на нашата партија за постоење на изборен инженеринг преку таканаречениот метод на бугарски воз. Од вкупно 3.000 илјади избирачки места на ниво на цела Македонија, со основано сомневање спорни се резултатите од 922 избирачки места. Тоа значи дека во 1 третина од избирачките места СДСМ се потпрело на изборен фалсификат за да дојде до победа“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение, потсетуваат повторно на масовен поткуп и притисоци и улогата на „полицијата на Спасовски“ која наместо да ги решава нерегуларностите била директен учесник во нивно спроведување.

„ДИК замижа пред сите овие нерегуларности и не прифати ниту еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е доволен доказ дека ДИК на чело со Чичаковски работеше пристрасно со цел прикривање на изборните криминали на СДСМ. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од претседателот на ДИК Чичаковски кој непрофесионално, пристрасно и целосно неморално ја извршуваше својата функција.

Не можеме да очекуваме непристрасно делување од Чичаковски кој не пропуштал ниту еден митинг организиран од СДСМ. Не можеме да очекуваме непристрасно делување од генералниот секретар на ДИК чија сопруга беше втора на листата советници за град Скопје од СДСМ“ соти во соопштението.

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕДИКоставкаСДСМ; локални избориЧичаковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ