• Latest

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сатанизирање на Сорос, ФООМ и медиумите!

January 18, 2017

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сатанизирање на Сорос, ФООМ и медиумите!

January 18, 2017 13:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ со ново соопштение го поздравува инспекцискиот надзор во невладиниот сектор, не бирајќи зборови во нападите и заканите кон Фондацијата „Институт Отворено општество Македонија“, кон извршната директорка Фани Каранфилова Пановска и Џорџ Сорос, и „традиционално“ кон СДСМ…„Десороизацијата“ продолжува „во име  на народот“!

„Народот на 11 декември гласаше против деструктивната политика на СДСМ/Сорос. Народот гласаше против платеничката револуција, против насилството врз полицијата, против вандализмот, палењето и уништувањето на државни и институции и спомен обележја. Народот гласаше против СДСМ/Сорос и испрати порака дека е време за десороизација“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ со кое се поздравува влегувањето на државните инспекциски служби во Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

„Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин (извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфиловска Пановска – н.з) ја фаќа паника дека по 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице, вршат инспекциски надзор“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата која цела деценија е на власт ги обвинува и политичките противници и за кризата и за ситуацијата во невладиниот сектор: „СДСМ и Сорос се лице и опачина на истата паричка. СДСМ и Сорос се заедничкиот именител на актуелната криза и сите деструктивни и ретроградни политики во земјава. СДСМ/Сорос ги уништија невладиниот сектор и независната мисла“.

И последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ е уште едно продолжение на анти-Сорос хистеријата која започна најпрвин индиректно преку Граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ, чии претставници бараа забарана на НВО, преку настапот на лидерот на партија Никола Груевски на демонстрациите пред објектот на ДИК, за да продолжи со неговите интервјуата во „Република“ (во неколку продолженија) и во„Дневник“, и со интервјуто на екс-министерот за надворешни работи Никола Попоски за еден италијански весник.

Груевски потенцираше дека Сорос има и личен став во создавањето на кризата, па дури го обвини и за аферата „Прислушување“: „Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те со кои распола­гам, пок­рај кон­ти­ну­и­ра­но­то дејс­тву­ва­ње на Сорос ин­сти­тутот, ме­ди­у­ми­те што ги фи­нан­си­ра, НВО што ги фи­нан­си­ра, го­лем број ин­те­лек­ту­ал­ци, про­фе­со­ри, по­ли­тич­ки ана­ли­ти­ча­ри и но­ви­на­ри кои ги фи­нан­си­ра во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и про­ек­тот со пла­те­ни­те лу­ѓе за про­тес­ти што са­ми­те се на­рекоа Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја, Џорџ Сорос има и по­ди­рек­тен ли­чен ан­гаж­ман во создава­ње­то на кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја, чиј гла­вен столб беа објавените кре­и­ра­ни ма­те­ри­ја­ли од те­ле­фон­ски раз­го­во­ри“.

Сатанизацијата на Сорос и на невладиниот сектор ја продолжи и пратеникот Попоски кој претставувајќи се како министер за надворешни работи, во последното интервју излезе со тврдење дека „лобито на Сорос финансираше македонски невладини организации со сума којашто се доближува до 5 милиони годишно. Практично, истата сума којашто Владата успеа да ја обезбеди со кампањите за поддршка на здравствените проекти и на проектите за стручно оспособување. Откако е присутно во Македонија Отворено општество потроши околу 60 милиони долари за македонските невладини организации… Проблемот не претставува само огромната сума пари, гледано според критериумите на Скопје, туку и абнормалната концентрација. Всушност 90% од финансиските средства, коишто ги добиваат невладини организации, доаѓаат од еден единствен извор. Ако на тоа му се додаде и фактот дека голем дел од корисниците активно се занимаваат со политика (а тоа би требало да го прават политичките партии), под капата на хуманитарни организации, и Вам може да ви биде јасно дека сето тоа не би можело да биде прифатено од страна на една суверена држава“.

Откако Здружението на новинарите реагираше со осуда на напливот на координирано вербално насилство на власта против новинарите, против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира, во војната против Сорос и отвореното општество, ВМРО-ДПМНЕ го вклучи и ЗНМ, тврдејќи дека се работи за „Соросова инсталација“ и дека и „ЗНМ ја користи потполно истата реторика и истите лажни обвинувања како и СДСМ/Сорос“.

„Со застанувањето во одбрана на Сорос, ЗНМ докажа дека не е новинарско здружение кое се грижи за новинарите, туку за нарачателите и манипулаторите од СДСМ/Сорос… Сега е јасно зошто ЗНМ се криеше и молчеше кога СДСМ/Сорос се обидуваа да воведат цензура во медиумите“.

ЗНМ излезе со став дека „обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата Отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели“ и ги повика „претставниците на власта да престанат со навредите и повиците за насилство против новинари“, потсетувајќи ги дека ќе сносат одговорност за евентуалните последици.

Tags: ГруевскиЗНМКаранфиловскаМилчинПопоскиСоросФИООМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ