• Latest

ВМРО-ДПМНЕ со остри тонови кон ЕУ и САД, Груевски се сретна со рускиот амбасадор!

February 1, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со остри тонови кон ЕУ и САД, Груевски се сретна со рускиот амбасадор!

February 1, 2017 18:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската амбасада денеска во медиумите кусо го коментираше барањето на ВМРО-ДПМНЕ за дообјаснување на ставот дека не треба да има нови избори во Македонија. Во реакцијата на американските дипломати стои дека тие биле доволно јасни и дека нема никаква потреба од дополнително дообјаснување! По ваквиот коментар, ВМРО-ДПМНЕ продолжи со серијата агресивни обраќања кон западните дипломати, потенцирајќи дека нема потврда оти со ставот на Амбасадата на САД во Скопје, „станува збор за официјален став на новата администрација во Вашингтон“.

„ВМРО-ДПМНЕ благодари на одговорот на Амбасадата на САД. Тој е краток и кажува сé.  Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во сегашниот состав мора да разговараат за формирање на идната влада“, стои во соопштението на партијата.

Со став  денеска повторно излезе и Европската комисија, по вчерашното барање на ВМРО ДПМНЕ за дополнително објаснување. „Зборуваме за потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, за државата да може ефикасно да се справува со многуте предизвици кои ѝ претстојат. Имплементирањето на приоритетните реформи, Договорот од Пржино и решавањето на билатералните спорови во една рака ќе бараат силна посветеност со сите политички партии“, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

ВМРО ДПМНЕ повторно остро реагираше: „Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема. Коцијанчич само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и приоритетните реформи. Госпоѓата Коцијанчич веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011-2014 година, македонската Влада немаше коалиција од двотретинско мнозинство во парламентот. Дури и во тие три години, успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди 2/3 за реформските закони особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем. Проблемот заради кој не започнаа преговорите со ЕУ, а кој вчера индиректно го спомна, е билатералниот спор со Грција. За негово решавање не е потребна широка коалиција во парламентот, туку минимум политичка волја на Грција, земјава да се приклучи на ЕУ и пред сé поддршка на решението од граѓаните на Македонија на референдум.“

Стручната јавност ваквиот однос кон меѓународната заедница го оценува како политичка агресивност кон странците кои се заинтересирани да помогнат во решавањето на политичката криза.

„Оваа постапка, според мене, е неприфатлива за однесувањето кон нашите партнери од странство. Да се бара објаснување за нешто што е сосема логично, а тоа е – побрзо да се средат работите во Македонија. Во конкретниот случај, се работи на оддолговлекување на постапката и замајување на нашата јавност, дека ете, некој друг ни е виновен, а не самите ние“, изјави поранешниот дипломат Благој Зашов за Радио Слободна Европа.

Паралелно со заострувањето на вокабуларот кон САД и ЕУ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од партискиот секретар за меѓународна соработка Александар Николоски, според провладините медиуми, денес се  сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, со кого дискутирале за актуелната политичка ситуација во Македонија и во Русија.

Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација

„Околу актуелните предизвици за формирање владина коалиција, Груевски истакна дека по несоставувањето влада и истекот на мандатот од 20 дена, се создаде зрела ситуација за нови предвремени избори со цел завршување на политичката криза. Очигледно е дека некои од партиите во Македонија покажаа страв од организирање на нови избори и повторно соочување со граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на претходните избори, смета дека распоредот на силите во парламентот кој очигледно нема да овозможи услови за непречена реализација на било чија програма и што побрзото излегување од кризата, се причина за што поитни нови предвремени избори“, го цитираа провладините медиуми, соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Разговарајќи за текот и настаните кои ја одбележале политичката криза, рускиот амбасадор потенцирал дека секаде каде се организирани „обоени револуции“, страдала социо-економската благосостојба на граѓаните, а се задржал и на македонската Шарената револуција „истакнувајќи ја штетата која таа ја предизвикала на економски план, внесувајќи нестабилност и неизвесност во државата, а со тоа и влијаејќи негативно на интересот на заинтересираните инвеститори“.

 

 

 

Tags: Амбасада на РусијаАмбасада САДВМРО-ДПМНЕНикола ГруевскиОлег Шчербак
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ