• Latest

ВМРО-ДПМНЕ не ги разбира ни ЕУ, ни САД!

January 31, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не ги разбира ни ЕУ, ни САД!

January 31, 2017 16:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ во две соопштенија за јавноста, денеска побара дополнително објаснување од амбасадата на САД и од Европската комисија, во однос на нивните ставови за најновите политички случувања во Македонија, откако нивниот лидер Никола Груевски, и по дваесет дена од доделувањето на мандатот, не успеа да состави влада.

„Еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ јавно се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за нови избори, амбасадата на САД во одговор на новинарско прашање ги повика партиите да ги продолжат разговорите за формирање на нова Влада. Со оглед на дискусиите во јавноста кои ги отвори овој став на Амбасадата, ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување – дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот, да нема нови, предвремени, парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, партиите со постоечкиот распоред на силите од последните избори да состават нова Влада?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението упатено до амбасадата на САД во Македонија.

„Македонија нема време за чекање, но портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич треба да објасни врз основа на кој дел од Уставот на Република Македонија, ЕУ очекува претседателот Иванов да определи лидер за формирање на ‘што е можно поширока Влада’, како што вчера ЕУ објави, преку Коцијанчич. Секоја држава, особено источноевропските земји, има потреба од континуирани реформи, преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство, како што е двотретинското, кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони. Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Оттука, би сакале да прашаме дали ЕУ има воспоставена пракса, при секое формирање на Влада во земјите-членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање на „што е можно поширока Влада“, или тоа е само исклучок за Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната изјава на портпаролката на Европската комисија.

На денешната дебата за Македонија во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, на дневен ред беше Нацрт-резолуцијата за Македонија која ја изработи Словенецот Иво Вајгл и која треба да биде усвоена во март или април на пленарна седница на ЕП, беше донесен заклучок  дека спроведувањето на реформите од Извештајот на Прибе и непреченото функционирање на СЈО, се важни за ЕП, а не тоа кој е на власт во Македонија, „сé додека има јасно мнозинство и стабилна влада која ќе се врати на европскиот пат, која ќе ги спроведе итните реформски приоритети и реформите од Пржино и која нема да оди против работењето на СЈО”.

„По ВМРО-ДПМНЕ сега и друга партија треба да добие шанса да направи влада“, изјавил хрватскиот пратеник во ЕП, Тонино Пицула, а и самиот Вајгл, бил со став дека не е паметно да се повторуваат изборите, за да не се продолжува кризата..

Tags: амбасада на САДВМРО-ДПМНЕЕвропска КомисијаЕвропски парламентИво ВајглизбориТонино ПицулаЦивилширока влада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ