• Latest

ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ: Усовршување на меѓуетничката игра за лични придобивки (2011-2014)

January 29, 2017

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026

Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

May 26, 2026

Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

May 26, 2026

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

    Илустрација: ВИ

    РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

    ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

    Илустрација: ВИ

    Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

    Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

    Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

    Илустрација: ВИ

    РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

    Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ: Усовршување на меѓуетничката игра за лични придобивки (2011-2014)

January 29, 2017 11:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во третиот дел од анализата „Груевски: Историја на еден анти – Албанец“, новинарот, медиумски истражувач и активист за човекови права, Петрит Сарачини, го опфаќа периодот „на мамутската серија со мотиви на љубов и омраза меѓу партнерите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, од 2011 до 2014: од изборите 2011, активностите на владеачките партии за кои јавноста дозна од „бомбите“ што ги објави опозицијата, преку автентичното толкување на Законот за амнестија за конфликтот во 2001, убиството на Мартин Нешковски, убиствата кај Смилковско езеро и пречекот на Јохан Тарчуловски во април 2013 година, до прославата на Зебрњак, медиумските слуги на режимот и до изборите 2014…  

Пишува: Петрит Сарачини

 За изборите во 2011 година, СДСМ се консолидираше предводена од партиски реактивираниот Црвенковски, по завршувањето на вршењето на функцијата претседател на државата во 2009. Но, не доволно за да го порази Груевски. Тој веќе почна да користи „други методи” за да освојува гласови, за кои подоцна слушнавме детали во прислушуваните разговори објавени од СДСМ, од устите на функционери од најтесниот круг околу Груевски.

Кога сме веќе кај „бомбите” на Заев, да се потсетиме дека од устата од најблиските соработници на Груевски, министерката за внатрешни работи Јанкулоска и претседателот на Собранието Вељаноски, слушнавме како нé нарекуваат „Шиптари”, „Индијанци”, дека ќе ги фатат за врат Албанците за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Самиот Груевски, за еден случај на уривање на објект без дозвола во Гостивар, бидејќи е кај Албанците, му рече министерот за транспорт: „Таму да не го тупиме многу. Со динамит”.

Од друга страна, од оние кои нé претставуваат, во разговорите слушнавме дека се „покаури од каурите”, и дека ако сакате Албанец да ве вика татко, треба да ѝ направите нешто на неговата мајка, а што тоа, оставам да открие имагинацијата на остроумните аналитичари. Исто така, слушнавме дека „Случајот Сопот“, којшто резултираше со Албанци затворени со години в затвор, е монтиран. Слушнавме и дека ДУИ е во полно партнерство со ВМРО-ДПМНЕ, и во криминалот и во корупцијата, како и во партиското киднапирање на државните институции …

Но, да се вратиме на рекапитулацијата и „добрините“ на Груевски кон Албанците.

Во текот на летото на 2011 година, без формално да биде формирана Владата, парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласа автентично толкување на законот за амнестија за конфликтот во 2001 година, со што се затвори прашањето на случаите вратени од Хашкиот трибунал (и ова како дел од договорот од мај, од пред неколку години), во кои што имаше простор за гонење на дел од раководството на поранешната ОВК и сегашната ДУИ. Груевски немаше храброст да го направи ова со формирана влада и да преземе политичка одговорност за овој чекор, но се сокри зад неговите пратеници и пред македонската јавност се правдаше дека, наводно, амнестијата била на нивна иницијатива! Замислете, Груевски бил принуден да се преземе чекор од оние, што не одат ни во тоалет, без да го прашаат шефот.

Но, да не ги заборавиме најважните работи што го градеа контекстот на овој период.

Победата на изборите од 2011 година Груевски ја „прослави“ со жртва на полициска бруталност среде градскиот плоштад, Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт од обезбедувањето на премиерот за време на прославата, на самата изборна ноќ, во моментите кога Груевски беше присутен меѓу своите симпатизери. Уследија неколкумесечни протести.

Полициска бруталност се повтори и по неколку месеци во Гостивар, во февруари 2012 година, кога во расправија за паркинг, полицаецот Јаќим Трифуновски уби двајца млади Албанци. Портпаролот на полицијата Иво Котевски, истиот ден, без воопшто да биде спроведена каква било истрага, јавно го карактеризираше ова како случај на самоодбрана, а пропагандната машинерија на власта се стави во одбрана на полицаецот. Следеа масовни протести на Албанците и повторно затегнување на меѓуетничките односи.

Во текот на 2012 година, етничките тензии продолжија забрзано да растат. Една серија на настани, која започнаа со исмејувањето на Куранот на Вевчанскиот карневал, проследено со случаи на палењето на македонското и албанското знаме на некои протести и фудбалски натпревари,  тепачки во автобуси и училишта… Настаните кулминираа со случајот кај Смилковско езеро и ладнокрвното убиство на пет луѓе од македонска етничка припадност, на денот на православниот Велигден, во април 2012 година.

Следеа апсењата, масовни рации и претреси по домови и вознемирување на стотици албански семејства, насилство и тепање… Јанкулоска, без никакви докази, побрза јавно да ги квалификува уапсените како исламисти и терористи. Целиот случај, како и судењето на обвинетите за ова грозоморно убиство, и според домашните, но и според многу меѓународни оценки, е инсценирано и политички мотивирано. За ова, при објавувањето на „бомбите” во пролетта 2015, зборуваше и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој рече дека биле затворени и невини луѓе, но не ги обелодени „бомбите” за „Случајот Монструм“. Тоа го оправда со нивната чувствителност, но му ги предаде снимките на Специјалното јавно обвинителство.

„Добрините” на Груевски доаѓаа една по друга. Дискусија за грбот на државата – лавот на ВМРО, маскиран во дардански лав, на пример.

Или, пак, величествениот пречек со државниот врв што му се приреди на осудениот за воени злосторства Јохан Тарчуловски, во април 2013 година, по неговото враќање од издржувањето на казната во Хаг за убиството на 10 етнички Албанци – цивили во Љуботен. Денес, Јохан ви е пратеник и можен коалициски партнер на Албанците. Се разбира, доколку одат во коалиција со неговиот шеф Груевски, кој бил добар за нас?!?

Во 2013 година, уште една „добрина” од славната историја. Од онаа на Кралството Србија. Со присуство на челниците на српската држава (како и на чети со четничка иконографија) и на министерката за култура Канческа-Милевска (чија заслуга е и статуата на Душан), во близина на Куманово, на територијата на Македонија, беше прославена 100-годишнината од битката на Зебрњак, од Балканските војни, која што го означува  продирањето и инвазијата на македонски и албански територии од српското кралство по повлекувањето и поразот на Отоманската империја. Окупирање проследено со масовното убиство на Албанци и Македонци, опожарување на стотици села и илјадници куќи, раселување на десетици илјади луѓе… Се прослави Зебрњак, со парите и на даночните обврзници – Албанци кои го полнат буџетот на Македонија.

И, ете, дојдовме до 2014, до вообичаените вонредни парламентарни избори, повторно поттикнување на националистичка реторика и појавување на „непријателство” меѓу тендер-љубовниците. Тогаш, кога Груевски бараше поддршка од гласачите за 63 пратеници, за да може да формира влада сам, без да биде условуван Албанците, а Ахмети се закануваше дека тој, „растурил една Југославија” (демек, што останува за една Македонија…), и бараше 25 пратеници од електоратот, за да може да му тропне на маса на Груевски, да му го побара јазикот, што во некои изборни кампањи се прогласуваше за официјализиран, а во некои дека ќе биде официјализиран, во зависност од потребата… Да побара консензуален претседател, една од трите клучни позиции во државата да му биде дадена на Албанец, буџет кој ќе биде распределен во соодветна пропорција и за Албанците, влез во НАТО и ЕУ… Исто така, за да се бори за знамето. Но, се разбира, без 28 ноември како празник.

Или, пак, се вративме на почетокот на оваа приказна, кај видеото на Груевски во кое тој им се обраќа на Албанците, зборувајќи им за неговите добрини. Истиот тој Груевски, кој до оваа, 2017 година, не виде за сходно повеќе од една деценија да даде барем едно интервју за албанските медиуми, ниту во Македонија, ниту во Албанија и Косово. И, конечно го даде на „Газета Експрес” од Косово, предводена од еден светлите умови на народот, кои сакаат да нé убедат дека тој е добар. Од Косово, богати, со чии претставници не сака да се сретне билатерално Груевски!

Кога сме кај медиумите, за да не ја должам повеќе приказнава, само да ве потсетам со неколку зборови и на медиумските слуги на Груевски – Латас, Миленко, Мирка, итн…, кои во сите овие 12 години и повеќе, од неговиот подем во опозицијата, доаѓањето  на власт во 2006 година и неговиот развој во типичен балкански автократ, не запреа ниту за миг со антиалбанската реторика. Нé споредуваа со кучиња, со африкански и индијански племиња, не нарекуваа радикални исламисти, фундаменталисти, екстремисти и терористи, бараа „чиста Македонија“, не помножуваа со нула… Тоа се зборовите, драги мои аналитичари и публико, кои заедно со делата Груевски, го изградија „страшилото” од 90 отсто Албанци, кои не сакаат да му го видат суратот ниту нему, ниту на неговите љубовници и слуги!

(Продолжува)

Во утрешното продолжение, последниот дел од анализата:

ВМРО – ДУИ: „Бомбите на Заев“, Куманово, Пржино, соголување и паѓање на маските – Дел 3 (2014-2016)

Што сакаат оние 90 отсто Албанци?

Tags: АхметибомбиВевчаниГруевскиЗебрњакизбориМартин Нешковскимедиумски слугиСмилковско езероСопотТарчуловскиЦрвенковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ