• Latest
Фото: МИА

Во Александрополис пристигна специјално прилагодениот танкер за гас, ќе ја снабдува и Северна Македонија со приоден гас

December 18, 2023
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Александрополис пристигна специјално прилагодениот танкер за гас, ќе ја снабдува и Северна Македонија со приоден гас

December 18, 2023 15:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Специјално прилагодениот танкер „Александрополис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Александрополис, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина,  од компанијата „Гастрејд“, која е оператор на проектот соопштија дека пристигнувањето „во голема мера го означува финализирањето на изградбата на овој водечки национален и регионален проект“.

„Во следните денови, пловната единица (FSRU) се очекува да биде закотвена преку распространет систем за прицврстување со 12 точки, потоа ќе биде поврзан со подморскиот и копнениот гасовод за пренос на гас под висок притисок, кој штом ќе профункционира ќе испорачува природен гас до грчкиот преносен систем и од таму до крајните потрошувачи во Грција, Бугарија, Романија, Македонија, Србија и понатаму до Молдавија и Украина на исток и Унгарија и Словачка на запад. Терминалот, по финализирањето на сите активности за тестирање, се планира комерцијално да профункционира во првиот квартал од 2024 година и ќе има максимален одржлив капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно“, соопштија од „Гастрејд“.

Претседателката на Управниот одбор на компанијата и основачки акционер Елмина Копелузу истакна дека „пристигнувањето на првиот танкер со специјална намена, ја означува реализацијата на пловната единица и го трасира патот кон отпочнување на проектот ЛНГ Александруполи“.

Извршниот директор на „Гастрејд“ Костис Сифнеос посочи дека „терминалот ќе биде нова влезна точка за природен гас, зајакнувајќи ги регионалната соработка и безбедноста на снабдувањето“.

Танкерот, односно пловната единица што го доби името „Александрополис“, во чест на општината и граѓаните, пристигна вчера во грчкиот град, откако на 26 ноември отплови од Сингапур, каде што ја заврши речиси десетмесечна пренамена во тамошното бродоградилиште.

Проектот е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и иновации “ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај минатата година во присуство на премиерите на Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG).

Tags: Александрополисгастанкер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ