• Latest

Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени

November 11, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени

Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска

November 11, 2024 09:40
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Годишниот самит на ОН за климатски промени COP29 (UN Climate Change Conferences) започнува денеска во Баку, главниот град на Азербејџан, и ќе трае до 22 ноември, а ќе собере лидери на бројни земји, претставници на бизнисот и граѓанското општество со цел да се забрзаат активностите за решавање на проблемот со климатска криза.

Официјалното отворање на Самитот на Олимпискиот стадион „Баку“ е планирано за вторник, а свое обраќање ќе имаат домаќините – претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

По свеченото отворање, на Самитот ќе говорат повеќе од 20 шефови на држави.
COP29, во време кога глобалните температури достигнуваат рекордни нивоа, а екстремните временски услови ги погодуваат луѓето ширум светот, ќе се обиде да унапреди конкретни решенија за проблемот со климатските промени.

Фокусот на COP29 ќе биде на финансиските земји кои треба драстично да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да ги заштитат животите и егзистенцијата на луѓето од влијанијата на климатските промени.

Меѓу клучните приоритети на COP29 се  обезбедување дека секоја земја има ресурси да преземе многу посилни климатски активности, намалување на емисиите на стакленички гасови и градење отпорни заедници.
Конференцијата, исто така, ќе се осврне на адаптацијата на земјите во развој кон климатските промени и собирањето средства за тоа, а конференцијата исто така ќе биде можност земјите да ги претстават своите ажурирани национални акциски планови за борба против климатските промени.

Конференциите на ОН за климатски промени (COP) се одржуваат секоја година и претставуваат светски мултилатерален форум за донесување одлуки за активности за решавање на климатската криза.

Целта на самитот COP е да се ограничат емисиите на јаглерод диоксид (CO2) и да се намали нивото на глобално затоплување на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа.

Првата конференција на COP беше одржана во Берлин во 1995 година и оттогаш целта беше да се најдат начини да се запрат климатските промени и да се намали глобалното затоплување.

За време на минатогодишниот самит во Дубаи, земјите ветија тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година.

Договори во однос на климатските промени беа постигнати и на претходните конференции, а првиот протокол од Кјото беше усвоен во 1997 година, со кој потписниците се обврзаа да ги намалат ефектите од стаклена градина во периодот од 2008 до 2012 година.

На COP21 беше постигнат меѓународен договор со кој се ограничи глобалното затоплување на „многу под 2 Целзиусови степени во споредба со прединдустриските нивоа, со напори да не се надмине границата од 1,5 степени Целзиусови“.

Финансиска помош за земјите во развој да се прилагодат на климатските промени и да ги ублажат нејзините последици беше договорена и во Париз во 2015 година, а развиените земји ветија дека ќе мобилизираат 100 милијарди долари годишно до 2020 година со цел да ги зголемат тие средства во иднина.

На COP27 беше договорена одлука за создавање посебен фонд за земјите кои претрпеа големи загуби и штети поради климатските промени како што се поплави, суши, урагани и други временски непогоди.

Азербејџан ќе претседава со COP29 оваа година, бидејќи ротирачкото претседавање со самитите на ОН за климатски промени помина на Централна и Источна Европа, додека следната година Бразил ќе биде домаќин на самитот COP30.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова, како што денеска соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и средби со претставници на меѓународни организации.

Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Извор МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ