Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава.
Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 милјарди евра и имале издадено кредити од 5,5 милијарди евра. Вкупниот профит на банките по оданочување во минатата година инесувал 108 милиони евра.
Од Народната банка информираат дека вкупните депозити во февруари, се зголемени за 0,2 отсто на месечно ниво и се објаснува со порастот на депозитите на секторот „домаќинства“, при остварен пад на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,3%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поизразено учество во растот на секторот „домаќинства“ (учество од 70,3 отсто).
Вкупните кредити, во февруари, бележат месечен и годишен пораст од 0,6 оттсо и 6,9 отсто, соодветно. Нагорната промена на месечно и на годишно ниво е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, што е поизразено кај секторот „домаќинства“.