• Latest
PENTAX DIGITAL CAMERA

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

February 6, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

February 6, 2023 13:44
in ВЕСТИ
PENTAX DIGITAL CAMERA

PENTAX DIGITAL CAMERA

Share on FacebookShare on Twitter

 Во Брисел денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“. Делегацијата на Северна Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Северна Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која го посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје, со конкретни активности.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговорите со Европската Унија ќе ги отстранат сите пречки во областа на трговијата.

-Со почитување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од 2009 година донесовме сеопфатна хоризонтална Стратегија за слободно движење на стоки и целосно имплементиравме Акционен план за усогласување со членовите 34-36 од ТФБЕ, кои резултираше со вкупно 42 правни акти кои беа идентификувани како мерки со еквивалентно дејство на квантитативни ограничувања кои беа укинати или изменети до 2016 година. Во моментов, со поддршка на техничката помош на ЕУ, во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“, започнавме со подготовка на нова Стратегија, ажурирана со најновото европско законодавство и продолживме со сеопфатен преглед на законодавството релевантно од гледна точка на предизвикување нецарински пречки во трговијата, со цел да се подготви нов акционен план со рокови за отстранување на овие пречки, истакна во својот говор Абдиу-Халили.

Таа укажа дека имаме уште за работа во  областа на ова поглавје и дека се потребни посуштински реформи, потенцирајќи дека несомнено отворањето на поглавјата за време на преговорите за полноправно членство во ЕУ, како и континуираната поддршка од Европската комисија, ќе го дадат потребниот поттик за подлабоко и повеќе ефикасно спроведување на реформите во однос на слободното движење на стоки.

–Слободното движење на стоки е една од четирите основни слободи на ЕУ. Принципот на слободното движење на стоки значи дека производите произведени во земја членка на Европската Унија можат слободно да циркулираат во други држави во рамките на единствениот пазар на ЕУ. Единствениот пазар на ЕУ е основан пред 30 години, има 415 милиони потрошувачи и сочинува 18 отсто од глобалната економија. Трговската размена на стоки меѓу Северна Македонија и Европската Унија зафаќа вредност повеќе од 10 милијарди евра, односно 5,2 милијарда евра увоз на стоки од земјите на ЕУ и 5 милијарди евра извоз на стоки од нашата земја во земјите на Европската Унија. Усогласеното европско законодавство за производи, кое треба да се транспонира, го претставува најголемиот дел од acquis. Повеќе од суштинско значењето да се има доволен административен капацитет за известување за трговските ограничувања и спроведување хоризонтални и процедурални мерки во областите како што се стандардизација, оцена на сообразност, акредитација, метрологија и надзор на пазарот, наведува СЕП.

Презентациите на преговарачкиот тим за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“ ќе продолжат во следните четири дена, а во петок почнува билатералниот скрининг за Поглавјето 4 – „Слободно движење на капитал“. 

Tags: ЕУПоглавје 1скрининг процес
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ