• Latest

Во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

June 12, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

Вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата. Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин, додаде американската амбасадорка во Германија, Ејми Гутман.

June 12, 2023 09:13
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска во германскиот воздушен простор со двонеделна вежба во која учествуваат околу 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји, јави ДПА.

Предводена од германскиот Бундесвер, вежбата ќе трае до 23 јуни и има за цел да вежба одбивање на фиктивен напад на агресор од исток.

„Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што е Русија“, изјавија минатата недела германски и американски претставници, при најавувањето на вежбата.

Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.

– Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не присилуваме никого да ја гледа, изјави претходно американската амбасадорка во Германија, Ејми Гутман. Таа појасни дека вежбата без сомнение ќе ја демонстрира „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува тоа во однос на духот и силата на НАТО алијансата. – Тука мислам и на рускиот претседател Владимир Путин, додаде американската амбасадорка.

Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, учествуваат во вежбите предводени од Германија.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ (Air Defender 23) започнува денеска, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО.

Иако маневрите се одвиваат додека беснее војна меѓу Русија и потенцијалниот кандидат за НАТО Украина, официјални лица од германските воздухопловни сили рекоа дека идејата за вежбата датира од 2018 година, пред почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Три области во воздушниот простор на државата ќе бидат засегнати од маневрите: делови од северна Германија и Северното Море, делови од источна Германија и Балтичкото Море и делови од југозападна Германија.

фото: ДПА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ