Утре во близина на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк Скопје, со почеток во 16,30 часот ќе се одржи мирен собир каде со 60-минутен молк ќе се оддаде почит кон жртвите од пожарот во Кочани.
Молкот ќе започне во 16.59 часот, а собирот го најави неформалната студентска заедница „Студентски пленум“ на социјалните мрежи, пренесе Слободен печат.