Плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа беа залепени во Солун и низ други градови во Северна Грција.
Под фотографијата на секој пратеник стои пораката „Дали ќе ја предадеш нашата Македонија?“.
Владејачката Сириза, во соопштението, го опишува овој потег како „организирано заплашување на членовите кои ќе гласаат за Спогодбата од Преспа со фашистички методи“. При тоа, од таму порачаа, дека секој пратеник во грчкиот праламент ќе биде заштитен без разлика на неговото политичко убедување.
Според медиумите во Грција, грчката полиција уапсила четири лица.
Д. М.