• Latest

Во име на љубовта!

October 12, 2017
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во име на љубовта!

October 12, 2017 12:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Активистката од Македонија Елвира Мустафа за ЦИВИЛ Медиа напиша репортажа од првата геј- парада одржана во Приштина, Косово, на 10 октомври 2017

По покана на мои драги пријатели, а и како активист за човекови права, имав чест да присуствувам на првата геј парада во Приштина, Косово.

Пристигнав два дена порано, со уште седумина од Македонија, бидејќи бевме гости на панел-дискусијата на која присуствуваше и полициски инспектор од Приштина, кој истакна дека ова е значаен ден за Косово, зашто, за првпат во историјата се одржува Pride Parade (Парада на гордоста). Воедно, инспекторот истакна дека нивното истражување покажува дека ЛГБТ заедницата од Косово се соочува со многу проблеми и предизвици, но воедно и закани. Кога сме кај заканите, заборавив да истакнам дека сето време бевме под полициска заштита.

Вториот ден бевме гости во амбасадата на Холандија, каде претежно се дискутираше за човековите права односно, за прекршувањето на човековите права на маргинализираните групи. Бевме поканети и на забава, геј-забава каде навистина, имаше премногу љубов и позитивна енергија, што можеби е несфатливо за луѓе со поограничени погледи. Но, за жал, не заврши ноќта така убаво, беше уапсена една геј-актвистка од Црна Гора која беше задржана три часа во полиција. Односот на полицијата бил вулгарен и некоректен, но за тоа ќе следува тужба до Хелсиншки.

И, големиот ден наречен Парада на гордоста. На моето прашање: зошто токму тоа име, организаторите  ми одговорија дека тие се гордеат со тоа што се и дека сакаат светот да ги види и да ги прифати такви какви што се.

На самата парада присуствуваа многу луѓе – 500, што не е мала бројка за првпат, особено, ако се потсетиме како беше во Белград, Амстердам…

Имаше провокации од толпата луѓе околу парадата, но немаше некој поголем инцидент. Нормално, и тука бевме под големо полициско обезбедување, имаше и полицајци во цивилна облека… И, нормално, беа присутни и бројни медиуми.

На парада присуствуваа и голем број функционери, меѓу кои и премиерот на Косово, кој истакна дека секое прекршување на основното човеково право – правото на слобода, ќе биде кривично гонето. И, им даде подршка на учесниците, па маршот продолжи понатаму.

Слоган на приштинската Парада на гордоста беше „Во име на љубовта“.

Токму во име на љубовта, да престанеме да мразиме и да судиме… Секогаш, да тргнуваме од себе.

Елвира Мустафа

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Во име на љубовта“Prideгеј парадаКосовоПриштинапровокациичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ