• Latest

Во име на сиромашните и немоќните – 110 години од раѓањето на Мајка Тереза

August 26, 2020
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во име на сиромашните и немоќните – 110 години од раѓањето на Мајка Тереза

August 26, 2020 15:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во срцето на денешно Скопје, во куќата на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14 што се наоѓала до денешниот ресторан „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“, на 26 август 1910 година била родена Гонџа Агнес Бојаџиу. Потекнувала од угледно католичко семејство од албанска националност, чии вредни родители секогаш го почитувале правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Нејзините родители Никола и Драна Бојаџиу и денеска се смета дека одиграле значајна улога во прераснувањето на скопјанката Гонџа Бојаџиу во светица во католичкиот свет, која го посвети целиот свој живот на помагање на сиромашните и на немоќните луѓе.

Мајка Тереза живеела во Скопје до 18-тата година од својот живот. Како католички верник, таа била редовен посетител на католичката црква Пресвето срце Исусово во Скопје, која во тие години биле водена од отецот Фрањо Јамбрековиќ. Тој често на верниците им читал писма од мисионерки од Индија и Африка и живописно им ги објаснувал добрите дела кои тие ги правеле на сиромашните и немоќните лица. Се смета дека токму обраќањата на отецот Јамбрековиќ одиграле голема улога во одлуката на Гонџа на 18-годишна возраст да го напушти Скопје и да замине во Даблин, Ирска за да се приклучи на редот „Сестрите од Лорето“. Таму, го избира името Тереза по својата патронка Св. Тереза од Лизје.

Мајка Тереза на крајот од 20-тите години на минатиот век заминува во Бенгал и Калкута во Индија. По нејзината долгогодишна работа како наставничка во католичкото училиште во Калкута, во 1948 година добила дозвола да го напушти редот „Сестрите од Лорето“ без да се откаже од статусот на калуѓерка и почнала да живее со најсиромашните жители во предградијата на Калкута. Во 1950 година го основа редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а една година подоцна добила индиско државјанство.

Со нејзината пожртвувана работа, помогнала на голем број гладни, болни, бездомни и сиромашни лица. Нејзиниот ред формиран пред седум децении, денеска брои илјадници сестри и браќа кои им помагаат на немоќните лица во повеќе од 100 земји од светот. За својата добротворна мисија, Мајка Тереза во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир. Во своето обраќање при доделувањето на наградата, таа ќе рече:

„Денес, кога ја добивам оваа голема награда – јас лично сум сосем недостојна за неа – се радувам за нашите сиромашни, среќна сум дека можам да ги разберам сиромашните, подобро кажано бедата на нашите луѓе. Благодарна сум и многу среќна што ја добивам оваа награда во името на гладните, голите, оние без татковина, хендикепираните, слепите, болните од лепра. Во името на сите оние што се чувствуваат непосакувани, нељубени, незгрижени, истуркани од нашето општество. Ја прифаќам оваа награда во нивно име и сигурна сум дека оваа љубов ќе донесе љубов, која што е полна со разбирање меѓу богатите и сиромашните. На ова инсистираше Исус, затоа дојде на овој свет, да им ја даде оваа радосна порака на сиромашните“.

Мајка Тереза во 1980 година е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, која таа ќе го посети четири пати во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. По нејзината смрт на 5 септември 1997 година на возраст од 87 години, Мајка Тереза на 19 октомври 2003 година од папата Јован Павле Втори ја доби титулата Блажена Мајка Тереза. Папата Франциск на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан ја канонизираше Мајка Тереза во светица.

По повод 110-годишнината од нејзиното раѓање, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на местото каде се наоѓала нејзината куќа, денеска беше откриена обновената спомен плоча посветена на Мајка Тереза, а беше промовирана и книгата „Од Гонџа Бојаџиу до Мајка Тереза – Сага за животот на Албанците католици од Скопје“. Денешниот настан се одржа во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“ организирана од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, а серија на настани е предвидено да се одржат во периодот до 5 септември.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ