Мерките кои ги преземаат владите ширум светот за спречување на ширењето на пандемијата од КОВИД-19 доведоа до пораст на случаите на родово базирано насилство во семејствата, а голем дел од нив завршуваат фатално.
Во Турција активистки за правата на жените пријавиле 29 смртни случаи на жени во март 2020 година.
Овие случаи во Турција ги пријавила пларформата „Ние ќе ги сопреме убијците на жените“, кои според нивната изјава се залагаат за стопирање на фемицидот и обезбедување на заштита на жените од насилство и дека ќе ги следат сите видови на кршење на правата на жените. Оттаму велат дека многу жени кои контактирале со групата се плашеле да пријават насилство од своите сопрузи или партнери.
Според нив, 29 жени биле убиени од мажи во март годината, од кои, 21 жени биле убиени во 20-дневен период, од 11 март, кога владата на Турција ги советуваше своите граѓани да останат дома и да избегнат да го шират вирусот КОВИД-19. Меѓу убиените, 18 жени биле убиени дома, четири на работа, две додека патувале, една на терен и две среде улица.
Нивниот извештај беше пред Министерството за внатрешни работи на Турција да објави дека стапката на фемициди во земјата се намалил за 22% во првиот квартал од годинава во однос на минатата година. Минатиот месец, министерство објави дека стапката на фемициди е намалена за 32% во првите два месеци од 2020 година во однос на минатата година.
Платформата претходно објави дека минатата година во Турција биле убиени 474 жени. Според нив, 27 жени биле убиени од очигледни економски причини, додека 114 жени биле убиени или затоа што сакале развод и слично. Околу 218 жени биле убиени од нивните сопрузи, поранешни сопрузи, парнети или поранешни парнери, додека 101 жени биле убиени од нивните роднини.
На почетокот на воведувањето на мерките, со наредбите за останување дома со цел за заштита од КОВИД-19 и Франција и Австралија за прв пат известија за зголемен број на родово базирано насилство.
А. Петровска












