Во израелскиот воздушен напад врз болница во Газа во неделата вечерта загинаа висок лидер на Хамас и помошник, изјави претставник на Хамас за Би-би-си, пренесува Цивил Медиа.
Исмаил Бархум, шефот на финансиските работи на групата, беше убиен во нападот на болницата Насер, главната медицинска установа во Кан Јунис. Тој беше на лекување во болница откако беше ранет во воздушен напад пред четири дена, рече официјалниот претставник.
Израелската војска соопшти дека нападнала клучен член на Хамас што оперирал во болничкиот комплекс по „обемниот процес на собирање разузнавачки информации“ и рече дека „прецизна муниција“ била користена за да се ублажи штетата.
Министерството за здравство управувано од Хамас соопшти дека „многу други, вклучително и медицински персонал, се повредени.
Болничкиот оддел кој беше погоден е евакуиран откако голем дел беше уништен, соопшти Министерството.
М. Д.