• Latest

Во македонската Влада нема разногласие, во Атина очекуваат „решителен чекор“

June 11, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во македонската Влада нема разногласие, во Атина очекуваат „решителен чекор“

June 11, 2018 10:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на РМ нема никакви поделба и разногласија и работи единствена и посветено на решавање на спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните. Од  грчка страна постои оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор.

– Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови и јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија, вели портпаролот Миле Бошњаковски.

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Диитрис Ѕанакопулос, пак, изразува оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор.

– Преговорите, но и политичката одлука за решавање на спорот со името не се лесни. Господинот Заев треба да размисли за сите аспекти и да преземе голема одговорност кон неговите сонародници, нешто за што сум сигурен дека ќе го стори. Ако некои во политичкото раководство на ПЈРМ сакаат да ја поткопаат можноста за изнаоѓање решение, не е нешто што би можел да го знам. Но, оптимист сум дека на крај господинот Заев ќе го направи решителниот чекор и ќе стигнеме до договор, вели Ѕанакоппулос и додава дека и Заев и Ципрас знаат дека решението е „неопходен предуслов за иднина на солидарност и соработка на Балканот“.

И за минситерот без ресор на Грција Алекос Флабурарис отворена е голема можност за решение на прашањето. Тој го повикува коалицискиот партнер во владата да не го спречи постигнувањето решение.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот министер без ресор изразува убеденост дека набргу ќе постои договор меѓу Македонија и Грција, а вели дека актуелната грчка влада често носела и носи тешки одлуки, но тие биле за доброто на земјата.

– Договорот набргу ќе се постигне со сложено име за внатрешна и надворешна употреба (erga omnes), со отстранување на иредентистичките претензии и промена на Уставот на соседната земја, објаснува Флабурарис за „Етнос“ и додава дека „мудрите и демократски граѓани во Грција поддржуваат решение“.

Во меѓувреме, продожуваат консултациите околу, како што наведе во петокот вицепремиерот Бујар Османи, разликите во интерпретацијата на напишаното. Засега останува неизвено кога би можел да се случи најавениот разговор Заев – Ципрас. Од Владата велат дека доколку дојде до него, јавноста веднаш ќе биде информирана.

Tags: „решителен чекор“Атинавладанема разногласие
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ