Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет.
Нема некои поголемии изненадувања околу имињата на членовите на владата „ Рама 3“, но она што посебно паѓа в очи е застапеноста на министерки. Од 16 министерски места во дури 12 ќе седнат жени.
Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборте на 25 април годнава.
Според најавите за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститувната седница на новиот законодавен дом.












