• Latest

Во Њујорк нова рунда разговори за името

May 24, 2018

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Њујорк нова рунда разговори за името

May 24, 2018 08:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштија од македонското МНР.

Во пресрет на новата рунда разговори за името, од македонската Влада потврдија дека остануваат на ставот во однос на последниот предлог за името – Република Илинденска Македонија.

– Ставот на Владата што го пренесоа премиерот Заев и министрите Шекеринска и Димитров останува ист. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција одговарајќи на прашање какви се очекувањата од средбата во Њујорк.

Грчката страна, пак, го отфрли предлогот и јасно стави до знаење дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот – предлози од Нимиц. Премиерот Алексис Ципрас од грчкиот Парламент, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“, како што јави дописничката на МИА од Атина, на Мицотакис му возврати дека владата јасно и навремено излегла со став, а лично тој се стремел кон што е можно побрзо информирање.

– Од Софија, пред да се вратам, во моите изјави на прес – конференцијата реков дека, и покрај напредокот, уште имаме пат да поминеме за да имаме договор, но и дека приоритет за нас, за грчката страна, е обезбедување ерга омнес и уставна ревизија, и како што видовте за ова прашање имавме важен напредок. Господинот Заев е првиот премиер од соседот што јавно ја прифати оваа перспектива за сложено име, ерга омнес со уставна ревизија. Ова го немате до сега видено во период кога вашата партија се наоѓаше во влади што преговараа, како што и немаме досега видено да се врши толку голем притисок врз опозицијата на соседната земја, рече грчкиот премиер.

Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој деновиве се наоѓа во посета на САД, на брифинг со грчките дописници изјави дека американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки.

Коѕијас во Вашингтон се сретнал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, со новиот американски државен секретар Мајк Помпео, како и со помошникот државен секретар Вес Мичел.

– Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки, рече Коѕијас и додаде дека искуството покажало дека кога се преземаат иницијативи, тогаш никој не може да се меша.

Тој, воедно, потенцираше дека во однос на Скопје е во континуирана консултација и соработка со грчкиот премиер со кој имаат совпаѓање на ставовите.

Охрабрување за постигнување решение за името дојде и од меѓународната заедница, која заинтересирано ги следи преговорите. Вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер вчера во Скопје, на средба со премиерот Заев, јасно ја реафирмирал поддршката на Вашингтон кон процесите кои ги реализира Владата за интеграција во НАТО и во ЕУ и ја повторил искрената определба, како и поддршка на САД кон Република Македонија и кон Република Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.

Германската канцеларка Ангела Меркел, завчера телефонски разговарала со премиерите на двете земји. Во разговорот со Заев таа дала поддршка за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот околу името. Меркел истиот ден телефонски разговарала и со грчкиот премиер Ципрас. Телефонските разговори со двајцата премиери ги потврдија од Кабинетот на Меркел, но без повеќе детали.

Париз, исто така, порача дека ги поддржува напорите на двете земји за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името. – Во периодот кога разговорите се во многу напредна фаза, Франција ги охрабрува властите на двете држави да ја задржат својата решителност за склучување на долгоочекуваниот договор. Ова е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа, се наведува во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил, соопштија од француската Амбасада. .

Опцијата Република Илинденска Македонија беше издвоена како најприфатлива на преговорите меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се водеа минатата недела на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

(МИА)

Tags: ДимитровКосијасНимицЊу ЈоркПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ