Денеска (26.10.2022) во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од МВР за Цивил Медиа.
Делот од булеварот „ Димитрија Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ е затворен за сообраќај, учениците се евакуирани од училиштето и забележливо е зголемено присуство на полицијата
Неофицијално, закана за поставена бомба била испратена на маил адресите на средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.
М.Д.