ВЕСТ НА ДЕНОТ
Отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“, Ковачевски смета дека новите инвестиции и работни места се потврда на добрите економски политики
Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.
„Потврда за добрите економски политики што ги водиме и стабилната инвестициска клима која ја создаваме во земјава, е проширувањето со нов производствен капацитет и новите вработувања во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1”, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешното отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ каде присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски.
„Ми претставува чест што денеска сум тука во „Кемет Електроникс“ која заради поддршката и условите кои ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, денес отвора втора. Во првата фабрика на „Кемет Електроникс” која во Северна Македонија произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации, во моментов работат 400 наши граѓани. Според планот на компанијата, предвидено е да има 500, 600 и 700 вработени на среден рок. Во втората фабрика пак, се предвидени дополнителни 360 нови вработени”, рече премиерот Ковачевски.
Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда на добрите економски политики
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Бислимоски: ЕСМ директно да им помогне на училиштата и македонските компании со поволни цени на струјата
Крајната цел е основните и средните училишта, македонските компании, јавните комунални претпријатија и прочистителните станици да добијат пониска цена на електричната енергија од пазарната и наместо да се финасира ЕВН и да му се плаќа маржа, ЕСМ директно да им ја продава на нив, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
На 6 октомври, Цибанева остави белешка на гробот на родителите на рускиот претседател, Марија и Владимир Путин на гробиштата Серафимовски, во која напишала: „Родители на сериски убиец, земете го, имаме толку многу болка и беда од него, цел свет се моли за неговата смрт. Смрт за Путин, воспитавте изрод и убиец“.
Тим од 11 вработени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) е подготвен во Доњецк да ги посети сите воени затвореници што се чуваат во областа, вклучително и во казнената установа Оленивка, се наведува во соопштението на МКЦК објавено во неделата, пренесува Укринформ.
Руските агенции за спроведување на законот почнаа да ги проверуваат про – Кремљ телеграм каналите кои објавуваат за војната на Русија во Украина за „дискредитирање“ на руската армија, ширење лажни вести и други забранети содржини, пренесува Медуза повикувајќи се на изданието Mash.
Експлозии одекнаа во еден од станбените квартовите на Кијив, објави Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пренесува Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИТИКА На денешната пленарна седница на дневен ред се измените кои ги предлага опозицијата со кои се предвидува забрана за формирање правни субјекти со контроверзни имиња, а со нив се предвидува да бидат опфатени и веќе регистрираните бугарски клубови.
СОРАБОТКА Дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за транспарентни и одговорни институции и квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Услугите на локално ниво се клучни за унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните. Од тие причини е важна тесната соработка на централната и на локалната власт.
Грковска: Неопходна е тесна соработка со општините и бизнис секторот
ЗАКАНА Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост.
ПРЕДЛОГ ЗАКОН Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, по скратена постапка. Целта на предлогот е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и нациоанал-социјализмот.
СТРАТЕГИЈА Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027, која има за цел подобрување на социекономската положба на младите и создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите потреби и интереси.
Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027
СЛОБОДНА ЗОНА
Ана Чупевска во колумна за Либертас под наслов „Дебата без идентитет“ пишува: „Мора да признаам поприлично оптимистички ми делуваше кога во 2016/17 повторно почнаа да никнуваат дебатните емисии кои претходно беа тотално укинати. Сите се сеќаваме дека “слободата на говорoт” претходно ја менаџираа денешните гласни опозиционери. И еве не повторно, после толку години од преродбата на дебатните емисии, никако да се случи реална и содржинска дебата. Ја нема, особено не во Парламентот, особено не во јавната сфера. Никако да се случи политичкиот диајлог, кој во континуитет го бара од нас Европската Комисија – не затоа што сакаат да не слушаат туку затоа што тоа е фундаментален критериум за една демократска земја. Елементарен демократски минимум, Другар(к)и. М и н и м у м“.












