коментира: Дехран Муратов
По обраќањето на претседателот на ЦИВИЛ Центар за слобода, Џабир Дерала во Собранието на Северна Македонија, за Законот за Јавно обвинителство, многу присутни во собраниската сала се препознаа, па бурно реагираа дека ја „утнал“ темата.
„Неприфатливо е да гледаме како политичари и пратеници во овој дом се однесуваат незрело и насилнички.
Знаеме дека во текот на преговорите меѓу најголемите партии, лидерот на СДСМ, Зоран Заев им предложи на ВМРО-ДПМНЕ формирање на ново обвинителство кое ќе ги гони (евентуалните) криминали и на оваа Влада, но преговарачите на опозициската партија цврсто се држеа до своите барања за амнестија. Нив им беше побитно да се прекинат старите предмети, отколку да се овозможи евентуално отворање на предмети за оваа Влада. Нивна цел беше вештачко прекинување на мандатите на Јавните обвинители – Русковска и Јовески. Сето тоа е познато.
ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби – тоа барање се уште е на маса. Тоа е крајно неприфатливо барање!“, рече Дерала.
А, што е тоа што утнал Дерала? Дека граѓан(к)ите сакаат да ги видат криминалците зад решетки? Дека граѓаните бараат правдата да биде еднаква за сите и конечно да почне да функционира? Дека тие што се невини својата невиност треба ја докажат на суд, а не од партиска говорница?
Сè додека има гласно бранење на криминалот, ќе има уште погласни граѓан(к)и желни за правда!