Герила акција во центарот на Скопје. И птиците се „побунија“ против сечењето на дрвјата.
Граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, ни испрати фотографии од „гнездата“ кои во знак на протест и во име на скопските птици (коишто со одлуките на локалните и на централните власти за уништување на дрвјата и зеленилото во престолнината, останаа без дрвјата и гнездата), најверојатно ги поставиле скопските „герилци“ и „паркобрани“.