Во архивата на ЦИВИЛ се запишани повеќе од 900 лица кои потпишале изјава за поддршка на организацијата. Онлајн формуларот за поддршка го пополниле повеќе од 300 лица. Пред конечно да започне процесот на ажурирање, Комисијата за кадровски прашања на организацијата ќе направи евалуација на активностите и ќе ги испрати формуларите за ажурирање на податоците за поддршка и членство во организацијата.
Воедно, ЦИВИЛ го повторува повикот за пријавување на соработници и волонтери за организацијата и за медиумската платформа. Предност имаат активните поддржувачи и членови на организацијата.
Зајакнувањето на организациската структура, освен ажурирање на членството и зајакнување на тимовите во Извршната канцеларија, подразбира и формирање нови работни и мониторинг групи низ целата земја.
ЦИВИЛ Тим за комуникации