Од Западен Балкан во земјите од ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 луѓе, покажуваат податоците на „Евростат“.
Од Србија во земјите на ЕУ отишле 51.000 луѓе, но сепак најмногу иселеници има од Албанија – 62.000 и БиХ – 53.500, пренесува „Вјести“ од Подгорица.
Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, 24.300 од Северна Македонија и 3.000 од Црна Гора.
Од Северна Македонија минатата година најмногу иселеници има во Германија (11.500), а потоа следат Италија и Словенија.
Од Албанија најмногу луѓе се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10 000). Повеќето луѓе од БиХ одат во Германија (16.000), Словенија и Хрватска.
Од Србија минатата година најмногу луѓе заминале во Германија (16.000), по што следат Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници.